Duke ngarkuar...

Координатор за малопродажба

Expanda

/job-details/7967

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 48 dite me pare
Kjo shpallje nuk pranon më aplikime. Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL. Shiko punët aktive.
**ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ДИНАМИЧНА И ИНОВАТИВНА РАБОТНА СРЕДИНА**

**Локација: СКОПЈЕ**

Eкспанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Philip Morris International од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од професионалци кои со своите стандарди, резултати и посветеност придонесуваат за континуиран развој и напредок на компанијата.

Во моментов бараме организирана, аналитична и проактивна личност која ќе му се приклучи на нашиот тим на позиција:

**Координатор за малопродажба**
.

Позицијата има клучна улога во обезбедување на непречено функционирање на малопродажната мрежа преку координација на оперативните процеси и поддршка на продажниот тим.

**Вашите главни одговорности ќе бидат:**

**Оперативна координација**

- Координација и поддршка на секојдневните деловни процеси во рамките на секторот.
- Следење на реализацијата на оперативните активности и навремено преземање активности за нивно непречено одвивање.
- Комуникација и соработка со интерни сектори и надворешни соработници за реализација на деловните активности.
- Учество во организација и координација на тековни проекти и иницијативи.

**Следење и организација на процесите**

- Следење, обработка и ажурирање на податоци во интерните системи.
- Подготовка на извештаи, анализи и информации за потребите на секторот.
- Учество во планирање и организација на активности согласно деловните потреби.
- Следење на усогласеноста со интерните процедури и воспоставените работни процеси.

**Поддршка на деловното работење**

- Подготовка и обработка на документација поврзана со редовното работење.
- Обезбедување навремена размена на информации и координација помеѓу засегнатите страни.
- Учество во унапредување и оптимизација на работните процеси.
- Извршување и на други работни задачи согласно потребите на работодавачот.

**Доколку сте:**

- Организирана и аналитична личност со способност да управува со повеќе активности истовремено;
- Одговорни, прецизни и ориентирани кон детали;
- Проактивни и фокусирани на изнаоѓање практични решенија;
- Комуникативни и тимски ориентирани;
- Подготвени за работа во динамична и брзорастечка средина.

**И поседувате:**

- Најмалку IV степен стручна подготовка (предност има високо образование);
- Најмалку 2 години работно искуство на административна, логистичка или координаторска позиција;
- Напредно познавање на MS Office, особено Excel;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлични организациски и аналитички способности;
- Способност за работа со рокови и приоритети.

**Ние ви нудиме:**

- Работа во водечка и стабилна компанија со можности за професионален развој;
- Конкурентни примања;
- Поддржувачка и тимски ориентирана работна средина;
- Континуирани обуки и можности за напредување;
- Работа со современи системи и процеси;
- Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

**Пријавете се**
со праќање на вашата лична биографија на e-mail:
vrabotuvanje@expanda.com.mk.
Рок за доставување пријави e
**до 09.08.2026. година.**

*Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.*

Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL.

Shpallje të tjera aktive