Duke ngarkuar...

Агент за спроведување анкети - Практикант

TAV Airports

/job-details/11864

Skopje, Skopje Statistical Region
internship
Publikuar Sot
**Одговорности:**

- Анкетирање на патници и други клиенти за потребите на ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми.
- Анкетирањето на патниците се врши преку директен контакт со нив, со дигитален уред и специфична софтверска апликација. Анкетирањето на другите клиенти може да биде далечинско преку онлајн алатки или со директен пристап до лицата.
- Работникот се грижи за технички исправно пополнување на анкетите и има одговорност за нивната валидност.
- Работникот има обврска да исполни месечни, квартални, полугодишни и годишни квоти, согласно утврдената програма за анкетирање.
- Работникот подготвува и анализира извештаи од анкетите, на дневно, месечно, квартално и годишно ниво.
- Работната позиција подразбира работа во смени на аеродромот, постојано движење низ терминалот и директна комуникација со патниците.

**Вештини:**

- Течен македонски и течен англиски јазик (вербален и пишан)
- Основно познавање на математички операции и работа со податоци, со цел разбирање на планот за анкети, распределување на квотите и следење на правилата за усогласеност на програмата за анкети.
- Познавање на Microsoft Excel и искуство со програмот ќе се смета за предност. Доколку кандидатот нема познавање од Excel, обука ќе му биде обезбедена.
- Претходно работно искуство во директна комуникација со луѓе (директна продажба, директна промоција на производи) ќе се смета за предност.
- Желба за работа со луѓе и желба за учење нови работи, како и способност за брзо снаоѓање во новонастанати ситуации.
- Клучни карактерни особини: комуникативност, динамичност, ведрина, љубезност, трпеливост, тактичност, флексибилност и самоиницијативност.

**Образование:**

- Високо образование, но кандидатот може да биде и студент или со завршено средно образование.