Preschool Teacher and Caregiver
Little Me International Preschool Skopje
/job-details/7873
**Little Me International Preschool**
е посветена на обезбедување еднакво внимание на грижата, образованието и целокупниот развој на секое дете. Со високи стандарди, посветен стручен тим и современ пристап кон раното учење, создаваме безбедна, грижлива и стимулативна средина во која децата растат со самодоверба, љубопитност и љубов кон знаењето.
Во нашиот тим во Скопје вработуваме:
- ВОСПИТУВАЧ
- НЕГОВАТЕЛ
Станува збор за позиции со полно работно време и физичко присуство во просториите на градинката.
**Опис на работните позиции**
Воспитувачот/ката ќе планира и спроведува активности приспособени на возраста на децата, ќе го поттикнува нивниот емоционален, социјален, когнитивен и физички развој и ќе ја следи реализацијата на воспитно-образовната програма.
Негователот/ката ќе обезбедува секојдневна грижа и поддршка на децата, ќе се грижи за нивната безбедност, хигиена и благосостојба и ќе помага при спроведувањето на дневните активности и рутини.
**Главни работни обврски**
- Планирање и спроведување едукативни активности засновани на игра
- Создавање позитивна, стимулативна и инклузивна средина
- Поддршка на целокупниот развој на децата
- Грижа за безбедноста, хигиената и благосостојбата на децата
- Насочување и поддршка во секојдневните рутини, вклучувајќи оброци, одмор и лична хигиена
- Набљудување и следење на развојот и напредокот на децата
- Редовна и професионална комуникација со родителите
- Соработка со колегите при спроведувањето на програмата и стандардите на градинката
- Учество на тимски состаноци и активности за професионален развој
- Придонес кон континуираното унапредување на средината за учење и престој
**Потребни квалификации**
За воспитувач:
- Соодветно образование од областа на педагогијата или предучилишното воспитание и образование
- Задолжително поседување важечка
**лиценца за воспитувач**
- Познавање на детскиот развој и принципите на раното учење
- Способност за планирање и спроведување активности преку игра и истражување
- Вештини за управување со група и позитивно насочување на однесувањето
За неговател:
- Соодветно образование и задолжително поседување
**важечка лиценца за неговател**
- Познавање на основните принципи на грижа, хигиена, безбедност и детски развој
- Способност за внимателна, одговорна и посветена грижа за децата
За двете позиции:
- Развиени комуникациски, организациски и тимски способности
- Трпеливост, емпатија, одговорност и креативност
- Подготвеност за почитување на политиките и процедурите за здравје и безбедност
- Претходното искуство во градинка или установа за згрижување деца ќе се смета за предност