Duke ngarkuar...

Машински инженер

FMS dooel

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува професионална компанија со просперитетен тим кој одговорно пристапува и одговара на сите предизвици.

Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел, да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

   Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:

**МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА**

Одговорности и задачи:

• Самостојно раководење со тим за изведба на системи за греење, ладење и вентилација на објекти;

• Планирање и координација на работни активности, нормирање на секој тим и следење на ефикасноста на секој работен тим согласно однапред зададена динамика;

• Изготвување на извештаи од областа во зададени рокови;

• Способност за самостојно организирање и планирање на материјал;

• Обезбедување на непречено функционирање на објекти;

• Проектен Менаџер на објекти во изградба и објекти за техничко одржување и водење на градежни книги;

• Комуникација со инвеститорот, изработка на основни и дополнителни понуди и друг вид на извештаи.

Потребни квалификации:

• Образование-Машински факултет, насока термичко инженерство;

• Работно искуство-Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција;

• Задолжително познавање на англиски јазик;

• Работа на компјутер( MS Office,CAD CAM, AutoCad);

• Искуство со работа на проекти/проектен менаџер;

• Пожелно да има лиценца А или Б за изведба.

Личен профил:

• Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок;

• Високо развиени комуникациски и организациони вештини;

• Одлични аналитички способности;

• Професионален и позитивен однос.

Што нудиме:

• Мотивирачка атмосфера и компетитивна плата;

• Колективно осигурување од несреќа;

• Можност за напредување во кариера;

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) на следната email адреса: jobs@fms.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата “Машински Инженер за Изведба” или преку Easy Apply.