Duke ngarkuar...

Сениор координатор за известување и поддршка при ревизија

Makstil / Макстил

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Сениор координатор за финансиско известување и поддршка при ревизија**

**Цел на работното место**

Сениор координаторот за финансиско известување и поддршка при ревизија е одговорен за подготовка, координација и контрола на финансиските извештаи, обезбедување усогласеност со законската регулатива и МСФИ (IFRS), како и за ефикасна поддршка на внатрешни и надворешни ревизии. Позицијата има клучна улога во навремено, точно и квалитетно финансиско известување кон менаџментот, регулаторните тела и Македонската берза.

**Клучни задачи и одговорности**

- Подготовка на квартални и годишни финансиски извештаи во согласност со МСФИ (IFRS) и важечката регулатива
- Поддршка и координација на активности поврзани со надворешни и внатрешни ревизии
- Учество во подготовка и доставување на законски и регулаторни финансиски извештаи
- Извршување и контрола на усогласувања на генерална книга, меѓукомпаниски сметки и биланс на состојба
- Следење и обезбедување усогласеност со сметководствени политики, интерни процедури и МСФИ (IFRS)
- Подготовка и обезбедување навремено доставување финансиски и регулаторни извештаи до Македонска берза
- Анализа на финансиски отстапувања и подготовка на објаснувања и извештаи за потребите на менаџментот
- Координација на одговори на забелешки и наоди од ревизии и следење на реализација на корективни мерки
- Континуирано унапредување на процесите за финансиско известување, контроли и квалитет на документацијата
- Учество во проекти за оптимизација и стандардизација на финансиски процеси

**Потребни квалификации**

- Универзитетска диплома од областа на економија, финансии или сметководство или ревизија
- Минимум 5 години релевантно работно искуство во финансиско известување, сметководство или ревизија
- Одлично познавање на МСФИ (IFRS) и важечка финансиска и регулаторна рамка
- Искуство со подготовки за ревизии и работа со ревизорски куќи
- Познавање на работа со ERP системи и MS Excel (напредно ниво) , познавањето на SAP се смета за голема предност
- Претходно искуство во ревизорска куќа од „Големата четворка“ (Big 4) или во производствена компанија се смета за голема предност

**Потребни вештини и компетенции**

- Високо развиени аналитички и организациски вештини
- Прецизност, внимание на детали и одговорност
- Способност за работа под рокови и со повеќе паралелни задачи
- Комуникациски и координациски вештини
- Проактивен пристап и ориентација кон подобрување на процеси
- Високо ниво на професионална етика и доверливост

Доколку се препознавате во овој опис и сте подготвени да дадете свој придонес, ве очекуваме да аплицирате.