Duke ngarkuar...

Специјалист во Одделение за платежни операции и порамнување

FlexPay

/job-details/7801

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 50 dite me pare
Kjo shpallje nuk pranon më aplikime. Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL. Shiko punët aktive.
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Специјалист во Одделение за платежни операции и порамнување

📍 Скопје

Во потрага сме по Специјалист во Одделение за платежни операции и порамнување. Доколку имате релевантно искуство во финансиска институција, одлично ги познавате платежните операции, работите прецизно, аналитички и одговорно, ве покануваме да станете дел од нашиот тим.

Потребни квалификации и искуство

Практично познавање и искуство во извршување и обработка на денарски и девизни платежни трансакции.

Познавање на домашните платежни системи и процесите на порамнување, како и на прекуграничните плаќања и кредитни трансфери.

Познавање на SEPA кредитните трансфери, правилата на SEPA платежните шеми и начинот на нивно процесирање и порамнување.

Искуство со SWIFT комуникација и познавање на релевантните типови платежни пораки поврзани со меѓународни плаќања.

Познавање на кореспондентското банкарство и работење со домашни и странски банки и други финансиски институции.

Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на платежните услуги, девизното работење и спречување перење пари и финансирање тероризам.

Искуство во порамнување и усогласување на трансакции, сметки, банкарски изводи, надоместоци, датуми на валута и девизни курсеви.

Најмалку 3 години релевантно работно искуство во платежни операции, порамнување, платни системи или меѓународни плаќања во банка или друга финансиска институција.

Високо образование од областа на економија, финансии, банкарство или друга сродна област. Активно познавање на англиски јазик, особено деловна и банкарска терминологија, за комуникација со странски банки и партнери;

Развиени аналитички способности, високо ниво на прецизност, одговорност и организациски вештини, како и способност за самостојно решавање на сложени оперативни случаи и ефективна работа во тим.

Придружете ни се во создавањето сигурни и ефикасни платежни решенија. Аплицирајте на
hr@flexpay.mk
.

Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL.

Shpallje të tjera aktive