Duke ngarkuar...

Телефонски оператор (3 смени)

Mellon Group of Companies

Skopje
full_time
Publikuar Sot
Мелон Солушнс Дооел, членка на Мелон Групацијата, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:

**Телефонски оператор (3 смени)**

**(реф. бр. 032026-004)**

**Профил на работната позиција:**

- Одговарање на дојдовни повици;

- Грижа за потребите на клиентите и нивните барања во однос на обезбедување дополнителни услуги;
- Следење на повратни информации од клиентите во насока на подобрување на услугите;
- Подготовка и прецизно внесување на податоци и документација;
- Активна комуникација со клиентите.

**Профил на кандидатот:**

- Завршено средно образование;
- Основно познавање на MS Office;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Способност за справување со голем број информации;
- Одлични комуникациски вештини.

**Услови:**

- Работниот процес се одвива во 3 смени;
- Можност за работа од дома по завршена обука и пробен период.

**Мелон Солушнс Дооел** е дел од **Mellon Group**, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на **Mellon Group** е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.