Duke ngarkuar...

English Language Teacher

Vortex Language Centre (Јазичен центар „Вортекс“) / Vortex Translations („Вортекс преводи“)

contract
Publikuar 30 dite me pare
Јазичниот центар „Вортекс“ го проширува тимот за одржување настава со детски групи и има потреба од:

- наставник по англиски јазик - полн фонд на часови или хонорарен ангажман, по договор (дополнително би договориле број на групи, денови и термини);
- наставник по германски јазик - хонорарен ангажман (дополнително би договориле број на групи, денови и термини).

Почеток на ангажманот: 20 септември

Локација: Аеродром (близу воениот базен)

*Нудиме:*

- Конкурентна плата или хонорар;
- Пријатна работна средина и можност за надградување;
- Обука и постојана поддршка пред и за време на ангажманот;
- Подготвени наставни планови, вокабулар и граматика со превод од лекциите за проектирање на часовите – сè со цел да Ви ја олесниме подготовката и текот на наставата.

*Повеќе за нас:*

Јазичниот центар „Вортекс“ од 2007 година посветено гради заедница на наставници и ученици кои се мотивирани, креативни и љубопитни. Веруваме дека знаењето се пренесува најдобро во пријатна, интерактивна и поттикнувачка средина.

 www.vortex.mk

 Facebook

 Instagram

Доколку сте заинтересирани ја очекуваме Вашата работна биографија на info@vortex.mk најдоцна до 15 мај 2026 година.