Duke ngarkuar...

ИТ архитект / Сениор Java програмер за развој на B2B решенија

Makedonski Telekom AD

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 80 dite me pare
Во моментов бараме
**ИТ Архитект / Сениор Java програмер**
за развој на Б2Б решенија кој ќе се приклучи на нашиот тим и ќе има клучна улога во дизајн и имплементација на сеопфатни дигитални решенија за Бизнис корисници, со фокус на оптимизација на деловните процеси, зголемување на оперативната ефикасност и обезбедување супериорно корисничко искуство.

Оваа позиција бара кандидат со
**силно програмерско искуство во Java и Spring Boot**
, кој активно ќе учествува во развојот на критични делови од системот.

**Работни задачи:**

- Дизајн и дефинирање на софтверска и системска архитектура за Бизнис дигитални решенија.
- Развој и имплементација на микросервисни системи базирани на Java / Spring Boot.
- Развој на REST API сервиси и интеграции со интерни и екстерни системи.
- Дизајн на системи со висок степен на скалабилност, безбедност и висока достапност.
- Техничко лидерство и менторство на развојните тимови.
- Соработка со интернационални тимови и учество во планирање на долгорочна технолошка визија и roadmap за Бизнис продукти.
- Тесна соработка со Product Owners, бизнис тимови и развојни тимови.
- Надзор на имплементацијата и обезбедување усогласеност со архитектонскиот дизајн и дефинираните стандарди.
- Учество во дефинирање на coding стандарди, DevOps процеси и CI/CD практики.
- Оптимизација на перформанси и стабилност на системите во продукциска средина.

**Потребни квалификации:**

- Завршен технички факултет – ИТ и компјутерски науки, телекомуникации, електротехника или сродна област.
- Минимум 5+ години искуство во развој на софтвер, од кои најмалку 3 години со Java и Spring Boot.
- Напредно познавање на Java (Spring Boot, Spring Framework)
- Концепти на микросервисна архитектура
- RESTful API и интеграции
- SQL и/или NoSQL бази на податоци
- Искуство со Git, Maven/Gradle, CI/CD алатки.
- Искуство со Docker, Kubernetes или други container технологии ќе се смета за предност
- Познавање на cloud платформи (AWS, Azure или GCP) ќе се смета за предност
- Познавање на TM Forum стандарди ќе се смета за предност
- Искуство со Jira, Confluence и алатки за управување со проекти
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за работа во динамична средина со почитување на рокови и приоритети
- Искуство со Agile и каскадна методологија

**Што очекуваме:**

- Тимски играч
- Преземање иницијатива
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички и организациски вештини
- Иновативност

**Што нудиме:**

- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК

**Работно време:**

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот).

**Огласот ќе биде отворен од 21.03.2026 до 31.03.2026.**

**Забелешка:**

*Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.*

*Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.*

*Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.*