Duke ngarkuar...

Менаџер за продажба во делот на млечната индустрија

P.I.C.Co DOOEL

/job-details/2713

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 244 dite me pare
Kjo shpallje nuk pranon më aplikime. Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL. Shiko punët aktive.
Дали сте експерт во млечната индустрија кој сака да излезе од лабораторијата или производството и да го освои пазарот?

**П.И.К.Ко ДООЕЛ**
, реномирана интернационална компанија со долгогодишна традиција во трговија со суровини за прехранбената индустрија, го проширува својот тим!

Бараме амбициозен и енергичен
**Менаџер за продажба во делот на млечната индустрија**
 кој ќе биде клучната алка помеѓу нашите врвни суровини и успешните производи на нашите клиенти.

Како дел од нашиот тим, ти нема само да продаваш – ти ќе бидеш стратешки партнер на нашите клиенти. Твоите задачи ќе вклучуваат:

**Експертско советување:**
 Технолошка поддршка на клиентите при имплементација на суровини во нивните производствени процеси.

**Грдење релации:**
 Развивање и негување на долгорочни партнерства со постоечки и нови клиенти ширум Македонија.

**Анализа и раст:**
 Истражување на пазарот, следење на трендовите и воведување нови, иновативни суровини во нашето портфолио.

**Теренска динамика:**
 Активна присутност на терен (Р. Македонија) со цел директна поддршка на бизнисите.

Бараме професионалец кој поседува:

**Технолошки „mindset “:**
 Високо образование (Технолошкиот факултет е огромна предност, но твоето искуство и знаење ни се поважни од дипломата).

**Искуство од „прва рака“:**
 3 до 5 години искуство во млечната индустрија (производство) ќе ти даде огромна предност.

**Комуникациски вештини:**
 Способност лесно да воспоставуваш контакт и професионално да ги презентираш решенијата.

**Јазици и мобилност:**
 Одлично познавање на англиски јазик и активен возач (Б категорија).

**Карактер:**
 Самоиницијативна личност која не бара само работа, туку кариера и место каде што ќе може да се докаже на долг рок.

**Што нудиме ние?**

**Професионален престиж:**
 Кариера во стабилна интернационална компанија со докажано реноме на пазарот.

**Континуиран развој:**
 Обуки, усовршувања и посета на меѓународни саеми и настани.

**Стимулативен пакет:**
 Одлични услови за работа и дополнителни бенефиции за твојот успех.

**Тим кој инспирира:**
 Работа со амбициозни колеги во позитивна и професионална атмосфера.

**Подготвен си за нов предизвик?**

Аплицирај со твоето CV и стани дел од приказната на П.И.К.КО!

Напомена: Сите апликации ќе бидат третирани со максимална дискретност и доверливост во согласност со законите за заштита на лични податоци.

Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL.

Shpallje të tjera aktive