Duke ngarkuar...

Менаџер за партнерска мрежа

iute Macedonia

/job-details/11682

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 30 dite me pare
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте, која го менува начинот на кој луѓето управуваат со своите финансии низ Југоисточна Европа.

Во Иуте веруваме дека иднината на финансиите не е само во технологијата, туку во начинот како
**технологијата може да го направи искуството поедноставно, побрзо и порелевантно, на одговорен начин.**

Нашиот тим расте и бараме енергична личност која ќе се препознае во приказната и заедно со тимот ќе ја движи следната развојна фаза.

**Менаџер за партнерска мрежа**

**Твојата мисија**

Нашата цел е градење силна партнерска мрежа заснована на доверба и заеднички раст. Токму затоа фокусот не е само на ширење на мрежата, туку и на развој на постоечките партнерства и нудење на нови финансиски решенија кои носат вистинска вредност за партнерите и нивните клиенти.

**Твојата улога**

Да бидеш човекот што ги поврзува партнерите, клиентите и технологијата

Да бидеш на терен. Да ги запознаеш партнерите и дилерите. Да препознаеш можност. И да изградиш соработка што расте со секоја средба.

Ако теренската работа те мотивира, лесно градиш релации, а дигиталниот свет ти е природна средина –
**можеби токму тебе те бараме.**

**Што ќе движиш?**

- Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе ги управуваш од почеток до крај. Ќе креираш понуди што носат вистинска вредност за партнерите и за клиентите.
- Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа, од идентификација на нови можности и активација до долгорочен раст. Ќе одржуваш блиски релации со партнерите и нивните клучни претставници.
- Ќе управуваш со партнерските продажни канали и API интеграции и ќе дефинираш како финансиските продукти се вклопуваат во дигиталниот свет преку паметни, скалабилни решенија.
- Ќе обезбедиш беспрекорно дигитално искуство преку MyIute и одлично клиентско искуство при секој контакт со партнерите.
- Ќе ги следиш перформансите на партнерите, договорите на сервисно ниво и конкуренцијата, преку анализи базирани на податоци. Ќе соработуваш со внатрешните тимови и ќе креираш маркетинг активности прилагодени на секој партнер. Ќе ги исполнуваш поставените таргети и KPI-и.

**Кого бараме?**

✔ Универзитетско образование – предност имаат економските науки

✔ Искуство во финансиска институција е предност

✔ Одлични комуникациски, продажни и преговарачки вештини

✔ Способност да градиш долгорочни партнерски односи и да ги препознаеш можностите за заеднички раст

✔ Проактивност, организираност и ориентираност кон резултати

✔ Одговорност, истрајност и желба постојано да учиш и да се развиваш

✔ Искуство во теренска продажба, B2B продажба или работа со дилери и партнери ќе се смета за предност

✔ Одлично познавање на македонски и англиски јазик

✔ Возачка дозвола Б категорија и подготвеност за теренска работа и патување

**Што добиваш?**

**Не само работа, туку и простор за кариерен напредок, постојано учење и надградба и личен раст во чекор со компанија што расте.**

- Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
- Меѓународна работна средина и соработка со тимови од различни пазари
- Простор за идеи, иницијативи и реално влијание
- Континуирано учење, развој и можности за професионален раст
- Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
- Тимбилдинзи во земјата и странство
- Спортски активности
- Дополнителни здравствени прегледи

**Подготвен/а си да ги движиш финансиските искуства напред?**

📅
**Аплицирај до: 31 октомври 2026**

📧 Испрати CV на:
**jobs@iute.mk**

✉️ Назнака:
**Менаџер за партнерска мрежа**

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.