Posto punë

Ballina / Punët / СОВЕТНИК/ЧКА – ПСИХОЛОГ

СОВЕТНИК/ЧКА – ПСИХОЛОГ

SOS Children's Villages

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал - водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.

За реализација на активностите од Проектот „Право на семејство II“, се отвора нова позиција за 1 (едно) работно место

СОВЕТНИК/ЧКА - ПСИХОЛОГ 📍 Кавадарци 🏡Проект „Право на семејство II“ 📅 Рок на аплицирање 08.02.2026 г. Дали верувате дека секое дете заслужува да биде слушнато, разбрано и поддржано? Ако во ова се препознавате - тогаш токму вие сте личноста што ја бараме. 🎯 ШТО ЌЕ РАБОТИТЕ?

  • Индивидуално и групно советување со родители и деца
  • Подготовка на психолошки наоди, мислења и процени
  • Следење на психо-физичката состојба на корисниците
  • Организација на групи за самопомош и заеднички активности
  • Психо-социјална поддршка во кризни ситуации
  • Соработка со ЦСР, училишта, институции и НВО секторот

🌟 ШТО БАРАМЕ?

  • Високо образование - психологија
  • Познавање на законската регулатива од социјална заштита и семејство
  • Способност за подготовка и спроведување на обуки
  • Напредни знаења за детски права
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутер
  • Активен возач

🧠 ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Емпатија, професионализам и доверливост
  • Тимски дух и проактивност

💼 ШТО НУДИМЕ?

  • Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности
  • Професионален и личен развој (обуки, тим-билдинзи)
  • Договор на определено време (1 година) со можност за продолжување до крајот на проектот -2029
  • 1 ден неделно - работа од дома
  • Средина која го цени и поддржува вашиот професионален интегритет
  • Програма за добросостојба на вработени

📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ? Пополнете апликација најдоцна до 08.02.2026 година 🔔 Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика !

💙 Ниту

едно

дете

не

треба

да

расте

само ! 💙

Напомена Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%87%D0%BA%D0%B0-%E2%80%93-%D0%BF%D1%81%D0%B8%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B3-at-sos-children-s-villages-international-4321314144

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 26/01/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme