Posto punë

Ballina / Punët / Сениор координатор за известување и поддршка при ревизија

Сениор координатор за известување и поддршка при ревизија

Makstil / Макстил

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Сениор координатор за финансиско известување и поддршка при ревизија

Цел на работното место

Сениор координаторот за финансиско известување и поддршка при ревизија е одговорен за подготовка, координација и контрола на финансиските извештаи, обезбедување усогласеност со законската регулатива и МСФИ (IFRS), како и за ефикасна поддршка на внатрешни и надворешни ревизии. Позицијата има клучна улога во навремено, точно и квалитетно финансиско известување кон менаџментот, регулаторните тела и Македонската берза.

Клучни задачи и одговорности

  • Подготовка на квартални и годишни финансиски извештаи во согласност со МСФИ (IFRS) и важечката регулатива
  • Поддршка и координација на активности поврзани со надворешни и внатрешни ревизии
  • Учество во подготовка и доставување на законски и регулаторни финансиски извештаи
  • Извршување и контрола на усогласувања на генерална книга, меѓукомпаниски сметки и биланс на состојба
  • Следење и обезбедување усогласеност со сметководствени политики, интерни процедури и МСФИ (IFRS)
  • Подготовка и обезбедување навремено доставување финансиски и регулаторни извештаи до Македонска берза
  • Анализа на финансиски отстапувања и подготовка на објаснувања и извештаи за потребите на менаџментот
  • Координација на одговори на забелешки и наоди од ревизии и следење на реализација на корективни мерки
  • Континуирано унапредување на процесите за финансиско известување, контроли и квалитет на документацијата
  • Учество во проекти за оптимизација и стандардизација на финансиски процеси

Потребни квалификации

  • Универзитетска диплома од областа на економија, финансии или сметководство или ревизија
  • Минимум 5 години релевантно работно искуство во финансиско известување, сметководство или ревизија
  • Одлично познавање на МСФИ (IFRS) и важечка финансиска и регулаторна рамка
  • Искуство со подготовки за ревизии и работа со ревизорски куќи
  • Познавање на работа со ERP системи и MS Excel (напредно ниво) , познавањето на SAP се смета за голема предност
  • Претходно искуство во ревизорска куќа од „Големата четворка“ (Big 4) или во производствена компанија се смета за голема предност

Потребни вештини и компетенции

  • Високо развиени аналитички и организациски вештини
  • Прецизност, внимание на детали и одговорност
  • Способност за работа под рокови и со повеќе паралелни задачи
  • Комуникациски и координациски вештини
  • Проактивен пристап и ориентација кон подобрување на процеси
  • Високо ниво на професионална етика и доверливост

Доколку се препознавате во овој опис и сте подготвени да дадете свој придонес, ве очекуваме да аплицирате.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%80-%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%80%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-at-makstil-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BB-4411583762

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 15/05/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme