Përshkrimi
Избери да работиш во една од најголемите светски корпорации!
Развивај ги своите знаења во компанија која ги нуди најдобрите бенефиции по корпоративни стандарди.
Приватно здравствено осигурување
Два пати годишно раст на платата – еднаш годишно за сите вработени и еднаш годишно според лични перформанси
-
К15 во износ над државниот просек
-
Оброк на работа, по твој избор од неделното мени
-
Новогодишен бонус, за дамите ваучер за 8-ми Март, а за децата на вработените, новогодишни пакетчиња
-
Попусти и плаќање на рати во продавници за бела техника, мебел, фитнес центри, технички преглед
-
Тим билдинг активности
-
Можност за постојан професионален развој со обуки во странство
-
И најважното, компетитивна плата + сите заокнски додатоци
Кои се твоите обврски:
Извршување на машинска обработка на делови и склопови.
Главни одговорности:
- Подесување на CNC машина
- Извршување машинска обработка на делови на CNC машина
- Читање и применување техничка документација
- Изработување пробно парче, доставување на контрола и по потреба спроведување корекции
- Вршење проверка, визуелна и со мерење на изработените парчиња и одговорност за квалитетот и количината на изработката
- Надгледување работата на машините, откривање и пријавување неисправности во функционирањето на машината
- Редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
Квалификации:
- Искуство со работа на CNC машини или работа во производство
- Познавање на техничка документација и технички цртеж
- Подготвеност за работа во смени
- Предност ќе се смета образование од технички струки (машински инженер, машински техничар и слично), но не е задолжително
Испрати го твоето CV на: rabota@tcg.mk
Информации за позицијата: 079 374 308
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 21/09/2026 · Skadon 19/01/2027