Posto punë

Ballina / Punët / Агент во продажен салон (реф. бр. 062026-008)

Агент во продажен салон (реф. бр. 062026-008)

Mellon Group of Companies

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во потрага сме по мотивирана, комуникативна и одговорна личност за позицијата Агент во продажен салон на Македонски Телеком АД Скопје, која ќе обезбедува поддршка во секојдневното работење на продажното место и ќе придонесува кон позитивно корисничко искуство за клиентите.

Профил на работната позиција:

  • Пречек и насочување на корисниците во продажниот салон;
  • Дигитални амбасадори на Телеком;
  • Помош на корисниците при плаќањето на сметките на платомат;
  • Информирање на клиентите за основните карактеристики на производите (мобилни телефони, лаптопи, галантерија за мобилни уреди и сл.);
  • Помош при организација и уредување на продажниот простор;
  • Грижа за уредноста и изгледот на продажниот салон

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование;
  • Основно познавање на работа со компјутер;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Професионален и љубезен однос со клиенти;
  • Тимски дух и желба за учење.

Услови:

  • Работа во динамична и професионална средина;
  • Можност за стекнување искуство во телекомуникацискиот сектор;
  • Континуирана обука и развој

Мелон Солушнс Дооел е дел од Mellon Group , водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D1%84-%D0%B1%D1%80-062026-008-at-mellon-group-4424174311

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 05/06/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme