Përshkrimi
Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива
Опис на работната позиција:
Специјалистот за стратешки развој и усогласеност со регулатива има клучна улога во интеграција на стратегијата на компанијата во тековните регулативи и медицински стандарди по кои работи лабораторијата, со цел обезбедување квалитетни, безбедни и иновативни услуги за пациентите.
Потребни квалификации:
· Завршено високо образование од соодветна област ( Медицински факултет/Биомедицински науки/Фармација или Здравствен менаџмент)
· Работа во дијагностика/лабораторија особено искуство во здравствен менаџмент или медицински претставник ќе се смета за предност
· Познавање на англиски јазик
· Познавање работа со компјутери-MS office
· Возачка дозвола – Б категорија
Работни одговорности:
А) Стратешки развој
- Анализа на пазар и изработка на стратегија за раст и развој на компанијата;
- Следење трендови во лабораториска медицина;
- Анализа на нови лабораториски тестови и технологии;
- Развој на партнерства и креирање планови за промоција на лабораториски услуги.
Б) Регулаторна усогласеност
· Води комуникација со надлежните институции за прашања поврзани со дејноста;
· Одговорен е за ажурирање на дозволите за работа и договорите склучени со ФЗОМ;
· Го анализира и усогласува работењето согласно барањата од законската регулатива од област на здравство и здравствено осигурување.
В) Квалитет и процеси
- Соработка со менаџмент и лабораториските тимови за усогласување на услугите со потребите на пазарот;
- Учество во подготовка на промотивни материјали согласно интерни стандарди;
· Ja претставува компанијата на конгреси и конференции, учествува на стручни состаноци, предавања на стручни теми.
Потребни вештини и способности:
- Клучна компетенција – Стратешко размислување:
- Разбирање на здравствен пазар и конкуренција;
- Способност за препознавање нови можности;
- Вклученост во развој на услуги и позиционирање.
2. Стручен кредибилитет:
- Познавање на лабораториски анализи и дијагностика,
- Висок степен на професионален авторитет пред високостручен здравствен кадар.
3. Одлични комуникациски и презентациски вештини
, комфор во комуникација со јавност;
4. Аналитички вештини;
5. Регулаторна и етичка свесност.
Работно време од 40 часа неделно, од 8:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 21.04.2026 година, најдоцна до 28.04.2026 година.
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 21/04/2026 · Skadon 19/01/2027