Junior Data Specialist
БизнисМрежа.мк (BiznisMreza.mk)
/job-details/7673
**За компанијата:**
**Таргет Груп**
е компанија специјализирана за собирање, обработка, анализа и
дистрибуција на деловни податоци. Преку платформата
**„Бизнис Мрежа“**
и преку различни податочни производи и услуги на клиентите им обезбедува релевантни, структурирани и навремени информации за правните субјекти во Северна Македонија.
Поради зголемениот обем на работа и континуираниот развој на нашите податочни производи, бараме организирана, аналитична и одговорна личност која ќе се приклучи на нашиот тим на позицијата:
***Junior Data Specialist***
Избраниот кандидат ќе биде дел од Data Management тимот и ќе учествува во секојдневните активности поврзани со прибирање, обработка, проверка, ажурирање и подготовка на податоци за интерни потреби, за платформата „Бизнис Мрежа“ и за клиентски проекти.
**Главни работни задачи и одговорности:**
- Внесување, обработка и ажурирање податоци од различни извори;
- Проверка на точноста, целосноста и конзистентноста на податоците;
- Идентификување и коригирање неправилности, дупликати и неусогласености;
- Подготовка, филтрирање и структурирање податоци согласно потребите на клиентите и проектните барања;
- Работа со поголеми табели, податочни сетови и бази на податоци;
- Изработка и ажурирање Excel-извештаи, анализи и листи на компании;
- Спојување, споредување и усогласување податоци од повеќе извори;
- Подготовка на податоци според однапред дефинирани критериуми;
- Контрола на квалитетот на податоците пред нивна испорака, увоз или објавување;
- Следење на процесите за автоматски увоз и обработка на податоци и евидентирање на забележаните грешки;
- Тестирање функционалности поврзани со податоци во платформата „Бизнис Мрежа“;
- Документирање на работните процеси, изворите и правилата за обработка на податоци.
**Потребни квалификации:**
- Завршено или тековно високо образование во областа на економијата, информатиката, статистиката, математиката, бизнис-аналитиката или друга сродна област;
- Напредно познавање на Microsoft Excel;
- Способност за работа со голем обем на податоци;
- Развиени аналитички и логички способности;
- Внимание на детали, прецизност и одговорност;
- Организираност и способност за почитување рокови;
- Способност за паралелна работа на повеќе задачи;
- Самостојност во работењето и подготвеност за континуирано учење;
- Добро познавање на англискиот јазик;
- Добри комуникациски способности и способност за тимска работа.
**Ќе се смета за предност:**
- Основно или напредно познавање на SQL;
- Искуство со обработка, чистење и анализа на податоци;
- Познавање на AI алатки за анализа и визуализација;
- Познавање на деловни и финансиски податоци за компании;
- Разбирање на основни финансиски извештаи и показатели.
Претходното работно искуство не е задолжително доколку кандидатот покажува високо ниво на аналитичност, прецизност, одговорност и желба за професионален развој.
**Што нудиме:**
- Практична работа со големи и разновидни деловни и финансиски бази на податоци;
- Структурирано воведување во работните процеси и континуирана поддршка од тимот;
- Можност за учење и усовршување во областа на управувањето и анализата на податоци;
- Вклучување во развојот на податочни производи, анализи и дигитални решенија;
- Работа на реални клиентски проекти;
- Динамична работна средина и можност за долгорочен професионален развој;
- Работа во тим кој развива производи и услуги базирани на податоци.
**Начин и рок на пријавување:**
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на
**ivana.kofilovska@targetgroup.mk**
, со назнака:
**„Апликација за Junior Data Specialist“.**
- *Во апликацијата кандидатите може накратко да наведат зошто се заинтересирани за*
*работа со податоци и кои алатки ги имаат користено.*
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
**Рок на пријавување:**
**17.08.2026**