Duke ngarkuar...

Product Manager (IT Peripherals & Gaming)

Neptun Makedonija

/job-details/7274

full_time
Publikuar 50 dite me pare
Kjo shpallje nuk pranon më aplikime. Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL. Shiko punët aktive.
**Претвори ја својата страст за гејминг и технологија во кариера!**

Дали секогаш си во тек со најновата гејминг опрема, PC периферии и технолошки трендови? Дали уживаш во работа со врвни брендови, преговарање и носење на најновите производи до клиентите?

Нептун вработува Продукт Менаџер каде што ќе работиш директно со добавувачи и водечки брендови, ќе ги следиш најновите трендови и ќе помогнеш во креирањето на производното портфолио за илјадници љубители на технологијата и гејмингот

**ПРОДУКТ МЕНАЏЕР**

**( категорија: ИТ периферија и Гејминг)**

Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на апарати од потрошувачка електроника, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категоријата на производи, согласно очекувањата на клиентите. Продукт менаџерот е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

**Потребни квалификации:**

- Универзитетско образование – економски, технички науки
- Мин. 3 години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа
- Темелно познавање на индустријата, малопродажба, технолошки и пазарни трендови
- Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот, Power BI
- Способност за ефективна комуникација и преговарање
- Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
- Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех

**Што нудиме?**

- Атрактивен пакет на плата и бенефиции
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука и можност за напредување

Ако те мотивираат технологијата, гејмингот и бизнисот, ова е твојата можност да го подигнеш своето искуство на следно ниво. 🎮💻

📍 Аплицирај тука:

до 12.07.2026

Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL.

Shpallje të tjera aktive