Duke ngarkuar...

Сениор сметководител

Manpower North Macedonia

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Manpower**
- Како глобален лидер во вработувањето, ги поврзуваме талентите со врвни компании. Нашата цел? Да ги исполниме твоите амбиции и потребите на пазарот на трудот.

Во име на нашиот клиент
**БДО**
, една од глобалните водечки компании во областа на ревизија, сметководство и консалтинг, поради зголемен обем на работа, бараме искусни и мотивирани кандидати за позицијата
**Сениор Сметководител.**

Доколку имате искуство во сметководство, одлично познавање на финансиски и даночни процеси, како и желба за професионален развој во интернационална и динамична средина - ова е вистинската можност за вас.

**🔹 РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:**

Сениор Сметководител

**📍 Локација на работа:**

Скопје, Македонија

**📝 Опис на работата:**

• Контрола и книжење на финансиска и материјална документација

• Пресметка на плати и извршување на административни работи за клиенти

• Комуникација со УЈП, НБРМ, ЦРМ и други релевантни институции

• Подготовка и изработка на извештаи за клиенти

• Подготовка на извештаи по барање на менаџментот

• Работа и комуникација со интернационални клиенти

• Следење и примена на сметководствени стандарди и законска регулатива

• Работа со системи и платформи: ЕПДД, E-tax, ЦРМ, НБРМ, државен завод за статистика, АВРМ и МПИН

• Подготовка, проверка и поднесување на даночни пријави и други законски извештаи во согласност со важечката даночна и сметководствена регулатива

• Усогласување на месечни, квартални и годишни бруто биланси со придружна документација

**🎯 Што очекуваме од тебе:**

• Завршен економски факултет - насока сметководство и ревизија, финансиски менаџмент или сродна област

• Претходно работно искуство во сметководство минимум 3 години (предност ќе имаат кандидати со работно искуство во сметководствено биро)

• Искуство во работа со интернационални клиенти ќе се смета за предност

• Одлично познавање на англиски јазик

• Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint)

• Познавање на сметководствени стандарди и МСФИ

• Познавање на законска регулатива и даночни прописи

• Тимски дух и комуникациски вештини

• Самоиницијативност и одговорен пристап кон работата

• Желба за учење, професионален развој и усовршување

• Способност за работа во динамична средина

**🕘 Услови на вработување:**

• Полно работно време (понеделник - петок)

• Можност за долгорочен професионален развој и напредување

**🎁 Бенефиции:**

• Работа во професионален и поддржувачки тим

• Менторство и континуирана поддршка

• Обуки и професионални сертификати

• Пристап до стручна литература и професионални апликации

• Можност за консултации и соработка со експерти од различни области

• Пријатна и динамична работна средина

• Wellness бенефити (Fit Kit, приватни здравствени прегледи и сл.)

• Тим билдинг активности

**📋 Процес на селекција:**

• Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју со Manpower

• По успешното интервју, селектираните кандидати ќе продолжат во понатамошен процес со компанијата БДО

Доколку сакате да бидете дел од интернационална компанија со високи професионални стандарди и можност за континуиран развој, аплицирајте со вашето CV преку опцијата
**Брза Апликација.**

Контакт ќе биде остварен само со кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Со пријавување на овој оглас, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработувани и чувани во рок од 6 месеци, исклучиво за потребите на овој регрутациски процес. Сите информации ќе бидат третирани како строго доверливи.