Duke ngarkuar...

Salesperson

5 до 12

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 78 dite me pare
**За 5 до 12**

5 до 12 е дизајн бренд што не следи трендови,

туку ги создава.

Осум години гради препознатлив визуелен јазик и заедница што

верува во автентичност, квалитет и значење зад секој производ.

Она што го издвојува не се само производите, туку начинот на кој комуницира и соработува и за тоа ни е потребен некој што разбира дека успешна продажба не се стреми кон промовирање на производи туку кон градење на вистински односи.

Досега растевме органски, сега веќе влегуваме во нова фаза-B2B соработки со брендови и компании што имаат слични вредности.

**Опис на позицијата**

Ова не е класична sales позиција.

Не работиме на принцип spray and pray, бараме некој што знае каде припаѓа брендот и како да го позиционира таму.

Доколку си личност која верува во приказната на 5 до 12 и во истиот дух автнтично ќе ја пренесе на клиентите, ова е позиција за тебе.

Што бараме:

- Да знаеш како да продадеш бренд-не само производ
- Одлични комуникациски вештини и способност за градење односи
- Искуство со B2B продажба, партнерства или развој на бизнис
- Око за тоа што е вистински fit за 5 до 12
- Разбирање дека продажбата тука значи градење односи, не брзи зделки
- Проактивност и пасија

Позицијата е целосно
**remote и commission based**
(процент од остварена соработка/продажба).

Немаме поставен класичен sales систем-ќе го градиме заедно, што значи ова е позиција за некој што сака да биде дел од процес на раст.

**Твојата улога:**

- Да идентификуваш компании и брендови што се добар фит за 5 до 12
- Да иницираш и развиваш B2B соработки (корпоративни подароци, брендирани производи, колаборации)
- Да го претставиш 5 до 12 како креативен партнер, не само како соработник
- Да градиш долгорочни односи со клиенти
- Размислувај повеќе од продажба-како можат колаборациите да
станат покреативни, значајни и on-brand

Ајде да видиме дали сме на иста фреквенција:

Кажи ни една компанија со која 5 до 12 треба да соработува и една со која НЕ треба. Зошто?