Posto punë

Ballina / Punët / Специјалист за Осигурување и набавки

Специјалист за Осигурување и набавки

Makstil / Макстил

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Набавки, отворенo е следново работно место:

Опис на работно место:

 

•                    Идентификација и евалуација на добавувачи.

•                    Подготовка на соодветни спецификации за набавка

•                    Прибирање и евалуација на понуди

•                    Креирање на Договори и договарање на услови за набавка

•                    Изготвување и следење на нарачки.

•                    Проценка, обработка и анализа на податоци и подготовка на извештаи и препораки

•                    Предвидување на потребите

•                    Контрола на квалитетот и навременоста на испораките.

•                    Одржување на база на податоци за добавувачи и набавки.

•                    Комуникација со експерти и осигурителни институции

•                    Следење на законската регулатива и интерните политики

•                     Активно учество во унапредување на процесите

Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок.

Потребни квалификации :

·         Високо образование

·         Искуство (минимум две години) во осигурителни компании во земјата (искуство во делот на штети ќе се смета за предност)

·         Одлично познавање на осигурителни производи и процедури

·         Познавање на MS Office

·         Вештини за аналитичко размислување и решавање проблеми

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, аплицирајте на овој оглас или испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4453884341/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 20/08/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme