Posto punë

Ballina / Punët / Самостоен референт за техничка подготовка

Самостоен референт за техничка подготовка

DEKRA Arbeit Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Позицијата Самостоен референт за техничка подготовка ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Подготовка и координација на целосна и точна тендерска документација во согласност со барањата на тендерите и интерните процедури;
  • Следење и анализа на јавни набавки и тендерски постапки во земјата и странство;
  • Комуникација со инвеститори и обезбедување на информации потребни за разјаснување на тендерските спецификации;
  • Организација и координација на целокупната постапка за изготвување на понуди;
  • Анализа на тендерски барања, калкулации, трошковници и проценка на профитабилност;
  • Проценка на комерцијални и технички ризици на понудите;
  • Подготовка и водење на електронски аукции;
  • Анализа на договорна документација и услови од јавни набавки;
  • Креирање и одржување база на податоци за тендери, понуди, CV-а и референци;
  • Координација со останати организациски единици при подготовка на тендерски досиеја;
  • Учество на тендерски настани, состаноци и постапки за јавни набавки;
  • Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи и анализи;
  • Комуникација и соработка со Бирото за јавни набавки и останати релевантни институции.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование од областа на техничките науки;
  • Минимум 7 години работно искуство во областа на јавни набавки и тендерски постапки;
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint) и интернет алатки;
  • Познавање на законска регулатива и процедури за јавни набавки;
  • Искуство со подготовка на техничка и комерцијална документација.
  • Одлични аналитички и организациски способности;
  • Способност за работа на повеќе активности и кратки рокови;
  • Високо ниво на комуникациски и координациски вештини;
  • Прецизност, одговорност и внимание на детали.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com , со назнака за позицијата за која што аплицираат. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

  • Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Punë në distancë: Po

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D0%B5%D1%85%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B0-at-dekra-arbeit-macedonia-4413194074

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 12/05/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme