Posto punë

Ballina / Punët / 📢 ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ / КА

📢 ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ / КА

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

📢 ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ/-КА Краен рок за доставување понуди: 02.11.2026 СОС Детско село објавува повик за избор на консултант/-ка за ревизија на методот за пресметка на трошоците за услугата „Стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства“, обезбедена од Центар за поддршка на згрижувачки семејства. Целта на ангажманот е да се направи сеопфатна анализа на постојниот метод за пресметка на трошоците и да се развие ревидиран, транспарентен, реалистичен и практично применлив модел за пресметка , кој ќе ги опфати директните и индиректните трошоци поврзани со обезбедувањето на услугата и ќе придонесе кон нејзино соодветно буџетско планирање и одржливо финансирање.

🗓️ Предвидено времетраење на ангажманот: 20 работни дена , распределени во фази на истражувачки дизајн, финансиска и документарна анализа, квалитативно истражување, развој и валидација на методологијата и финализација на резултатите.

Од кандидатите се очекува релевантно образование и најмалку 5 години професионално искуство , вклучително искуство во истражување и анализа на јавни политики, анализа и моделирање на трошоци или финансиска анализа на социјални услуги, развој на методологии и работа со повеќе засегнати страни.

Заинтересираните кандидати и/или институции/организации треба да достават:

  • писмо за изразување интерес;
  • CV;
  • краток опис на методологијата и пристапот;
  • финансиска понуда;
  • референтна листа на претходни релевантни ангажмани.

📩 Понудите се доставуваат на: melina.tagarinska@sos.org.mk 📅 Краен рок: 02 ноември 2026 година 👉 Деталните информации за предметот на ангажманот, методолошкиот пристап, очекуваните резултати и квалификациите се достапни во приложениот Terms of Reference (ToR) ToR_пресметка на трошоци

За СОС Детско село СОС Детско село Северна Македонија е организација која работи во областа на социјалната заштита, детските права и поддршката на деца, млади и семејства, со фокус на зајакнување на системите за грижа, превенција и одржливи решенија за децата и семејствата.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4479846673/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 15/10/2026 · Skadon 14/12/2026

Punë të ngjashme