Posto punë

Ballina / Punët / Магационер/Декларант

Магационер/Декларант

Fashion Group Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Магационерот е одговорен за прием/истовар, подготовка и испраќање на производите до продажните објекти, како и за одржување на залихата и опремата во магацинскиот простор.

Главни обврски и одговорности:

·      Прием и потврда на примени производи и обезбедување на нивен истовар.

·      Отварање, складирање на примените производи и тековно дополнување на истите.

·      Подготовка на производите за продажба (скенирање, лепење декларации и сл.)

·      Управување со залихи на производи.

·      Учество во пописи.

·      Водење грижа за соодветната документација за прием/издавање на производите.

·      Достава на производите до продажните објекти во Скопје и во другите градови.

·      Постојано одржување на хигиената и реорганизација на магацинскиот простор според потребите.

·      Помош и соработка во оперативни активности на различните сектори.

Потребни квалификации:

• Минимум средно образование

• Возачка дозвола Б категорија

• Основно познавање на работа со компјутер

• Одговорност, прецизност и способност за тимска работа

Што нудиме:

·      Организиран превоз до и од работното место

·      Ексклузивни попусти за вработени на производи од брендовите во рамки на Fashion Group

·      Корпоративни подароци и признанија по повод значајни настани

·      Бонус за успешна препорака на нов колега

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82-at-fashion-group-macedonia-4418730260

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 01/06/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme