Posto punë

Ballina / Punët / Лидер за продажба на напредни деловни решенија

Лидер за продажба на напредни деловни решенија

Makedonski Telekom AD

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во моментов бараме Лидер за продажба на напредни деловни решенија кој ќе го води нашиот тим и ќе има клучна улога во развојот, продажбата и имплементацијата на комплексни ИКТ решенија – Cloud, IoT платформи, безбедносни решенија и Smart City решенија за деловни корисници.

Позицијата е од стратешко значење и опфаќа управување со продажни и предпродажни активности, развој на партнерска ИКТ мрежа, водење на тим и постигнување на комерцијалните и финансиските цели на компанијата.

Работни задачи:

  • Водење и одговорност за иницирање, реализација и активно учество во консултативна продажба на големи ИКТ проекти за деловни корисници
  • Проактивно планирање и управување со корисници преку анализа на кориснички потреби, буџети и продажни стратегии
  • Градење и одржување на силна ИКТ партнерска и добавувачка мрежа
  • Избор, координација и управување со партнери и за успешна реализација на проекти
  • Одговорност за остварување на приходи и профитабилност од ИКТ решенија, како и континуирано подобрување на продажниот процес
  • Технолошко-консултативна улога во B2B сегментот при подготовка на технички понуди и презентации
  • Дефинирање, следење и унапредување на SLA параметри за деловни решенија
  • Организација, координација и континуирано подобрување на севкупните активности во организациската единица
  • Управување со воспоставување и следење на клучни показатели за успешност (KPI) и обезбедување предуслови за нивна реализација
  • Проактивно зајакнување на моќта на компанијата за иновации во областа на решенија и услуги за дигитализација
  • Обезбедување ефикасна испорака на решенија и континуирано подобрување на задоволството на деловните корисници

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на технички науки, предност имаат кандидатите од електро-технички и компјутерско-информатички насоки
  • Минимум 5 години искуство во продажба и/или водење на имплементација на напредни ИКТ решенија
  • Напредни познавања на ИКТ технологии (Cloud, IoT, безбедност, IP технологија).
  • Искуство со водење на тимови и лидерски способности
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Напредни способности за креирање и управување со проекти, како и подготовка на деловна студија
  • Возачка дозвола Б-категорија

Што очекуваме:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Способни за управување со проекти
  • Аналитички вештини и способност за решавање на проблеми
  • Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Огласот ќе биде отворен од 02.01.2026 до 11.01.2026.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-at-makedonski-telekom-ad-4351113503

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/01/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme