Posto punë

Ballina / Punët / Инженер за говорни и податочни телекомуникациски мрежи

Инженер за говорни и податочни телекомуникациски мрежи

Makedonski Telekom AD

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во моментов бараме Инженер за телекомуникациски мрежи кој ќе се приклучи на нашиот тим за DevOps активности за телекомуникациски и мултисервисни платформи и ќе учествува во развојот, имплементацијата, оптимизацијата и одржувањето на основната телекомуникациска мрежа за обезбедување на говорни и податочни сервиси.

Работни задачи:

  • Развој, имплементација и оптимизација на технички решенија во областа на основната телекомуникациска мрежа и мултисервисните платформи;
  • Подготовка на технички решенија и проектна документација за развој и унапредување на мрежата;
  • Учество во развојот и имплементацијата на нови продукти, сервиси и функционалности во областа на мобилните, фиксните, IP&Data, интернет и деловните комуникации;
  • Управување со животниот циклус на мрежните сервиси и платформи, вклучувајќи нивна конфигурација, реконфигурација и оптимизација;
  • Континуиран мониторинг и анализа на мрежните перформанси, капацитетите и клучните индикатори за перформанси (KPI);
  • Следење и подобрување на квалитетот и достапноста на телекомуникациските услуги;
  • Детекција, анализа и решавање на технички проблеми и учество во интервенции за отстранување на пречки;
  • Планирање и спроведување на превентивни активности и корективно одржување на телекомуникациската мрежа и платформите;
  • Учество во тестирање, технички прием и имплементација на нови мрежни елементи, технологии и платформи;
  • Следење на реализацијата на проектите, роковите и квалитетот на имплементираните решенија;
  • Учество во подготовка на годишни и среднорочни планови за развој на телекомуникациската мрежа;
  • Учество во технолошки и корпоративни проекти и соработка со интерни тимови, компании од ДТ Групацијата, вендори и други надворешни партнери;

Потребни квалификации:

  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областа;
  • Високо образование од областа на електротехника, телекомуникации, информациски технологии или друга сродна област;
  • Познавање на телекомуникациски мрежи, мрежна архитектура, дизајн и оптимизација;
  • Познавање на напредни телекомуникациски системи и технологии како ePC, IMS и IP Core;
  • Познавање на системски алатки за контрола и управување со телекомуникациски системи;
  • Познавање на Windows и UNIX/Linux платформи;
  • Развиени аналитички способности и способност за решавање комплексни технички проблеми;
  • Добри комуникациски способности и подготвеност за соработка со различни тимови и партнери;
  • Познавање на англиски јазик .

Што очекуваме:

  • Интерес и желба за работа со современи телекомуникациски технологии;
  • Аналитички пристап и ориентираност кон решавање проблеми;
  • Одговорност и ориентираност кон резултати;
  • Тимски дух и добра комуникација;
  • Иницијативност и проактивен пристап;
  • Желба за континуирано учење и професионален развој;
  • Подготвеност за работа во динамична технолошка средина.

Ова е одлична можност да работите на технологии и системи кои се во срцето на нашата телекомуникациска мрежа и директно влијаат на квалитетот, стабилноста и развојот на услугите што секојдневно ги користат нашите корисници.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија;
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата;
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ;
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата;
  • Останати бенефиции како вработен во МК.

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Огласот ќе биде отворен од 02.10.2026 до 11.10.2026.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4473139048/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/10/2026 · Skadon 01/12/2026

Punë të ngjashme