Posto punë

Ballina / Punët / Business Analyst

Business Analyst

KING ICT

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Кои сме ние? КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.

Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.

Бараме мотивиран и аналитички ориентиран Бизнис Аналитичар кој ќе игра клучна улога во идентификување, анализа и подобрување на бизнис процесите, како и во поврзување на бизнис потребите со ИТ решенијата.

🔷 Што ќе работиш?

  • Анализа и моделирање на бизнис процеси со цел подобро разбирање на потребите на клиентите и идентификација на можности за унапредување
  • Подготовка на функционални спецификации и соработка со тимот за дефинирање на барања за развој и интеграција со други системи
  • Обезбедување квалитет на решението преку тестирање и валидација пред испорака
  • Активно учество на sprint review состаноци и собирање повратни информации од клиенти за подобрување на функционалностите
  • Едукација на крајни корисници и обезбедување поддршка при воведување на нови решенија
  • Поддршка на presales и sales процесите преку учество во подготовка на high-level предлог решенија
  • По потреба, координација на развојните активности со надворешни партнери и добавувачи
  • Промовирање на визијата на производот и усогласување со бизнис целите во текот на целиот животен циклус
  • Поттикнување на примена на воспоставени методологии и best practices преку обуки и тимска поддршка

🔷 Што очекуваме од тебе?

  • Универзитетска диплома од ИТ, економија (со фокус на информатика) или друга техничка/бизнис насока
  • 2–4 години искуство како Business Analyst, Product Owner или слична улога во софтверски проекти
  • Добро разбирање на моделирање на бизнис процеси (BPMN) и искуство во изработка на јасна и структуирана документација
  • Основно техничко познавање — релациони бази на податоци, API или основи на SQL се предност
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини, со способност за работа и со технички и со нетехнички стејкхолдери
  • Способност за идентификација, појаснување и приоритизирање на барања во соработка со различни тимови
  • Проактивен пристап и внимание на детали при решавање проблеми и континуирано подобрување
  • Искуство со Agile/Scrum начин на работа и познавање на современи алатки за соработка (на пр. Jira, Confluence, Miro)
  • Growth mindset — отвореност за учење, прифаќање повратна информација и професионален развој

🔷 Што нудиме?

  • Можност да ја обликуваш нашата инженерска култура уште од самите почетоци
  • Работа во искусен и поддржувачки тим
  • Континуиран професионален развој преку обуки и конференции
  • Флексибилно работно време со можност за хибриден начин на работа
  • Работа во agile околина според SCRUM методологија
  • Пријатна и опуштена работна атмосфера со различни бенефиции – сите поволности може да ги најдеш на нашата career страница

Решаваме комплексни технолошки предизвици со цел да го поедноставиме и подобриме секојдневието на милиони луѓе. Нашата цел е да станеме лидер во софтверската индустрија, препознатливи по извонредност и квалитет.

Доколку си подготвен/а да го обликуваш она што допрва ќе се создава — испрати ни го твоето CV.

Аплицирај преку линкот подолу.

Со нетрпение очекуваме да се запознаеме! 🚀

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/business-analyst-at-king-ict-4377929987

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 27/02/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme