Përshkrimi
ALEKTUS REALTY СЕ ПРОШИРУВА
Бараме нов член на тимот
Асистент за Back Office
Скопје
Полно работно време | понеделник – петок
Alektus Realty расте и го проширува своето работење со недвижности во Грција и со клиенти од целиот Балкан и Европа.
Бараме организирана, комуникативна и проактивна личност која сака да учи, да работи со клиенти и да расте заедно со компанијата.
ТВОЈАТА УЛОГА
• Прием и обработка на барања од социјални мрежи и комуникациски платформи
• Внесување и ажурирање на податоци во CRM
• Комуникација со клиенти и навремено испраќање информации
• Ажурирање на недвижности и цени на веб-страницата
• Подготовка на каталози и информативни материјали
• Креирање дигитална содржина во Canva
• Административна работа и водење евиденција
Што бараме?
• Одлично познавање на македонски и англиски јазик
• Познавање на грчки јазик и познавање на регионите во Северна Грција – предност
• Одлично познавање на Google Workspace и Microsoft Office
• Основно познавање на Canva и чувство за естетика
• Дискретност при работа со лични податоци и доверливи информации
Искуство во недвижности не е задолжително, но ќе се смета за предност.
Што нудиме?
• Работа во растечка компанија со меѓународен фокус
• Работа со клиенти од целиот Балкан и Европа
• Пријатна канцеларија во Скопје
• Полно работно време, понеделник – петок
• Слободни викенди и празници
• Целосна обука за алатките и процесите што ги користиме
• Можност за професионален развој и дополнителен бонус според остварените резултати.
• Работа со недвижности, клиенти и дигитален маркетинг
• Можност за долгорочно вработување и преземање поголема одговорност со растот на компанијата
АПЛИЦИРАЈ ДО 24.08.2026
Испратете го Вашето CV и кратка мотивација на:
Бул. Илинден 93, локал 7, Скопје
+389 71 278 120
- Позицијата е наменета за кандидат кој ги исполнува условите за соодветната активна мерка за вработување на млади лица преку Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија See less
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 19/08/2026 · Skadon 19/01/2027