Posto punë

Ballina / Punët / Администратор во оддел за овошје, зеленчук, цвеќиња и растенија

Администратор во оддел за овошје, зеленчук, цвеќиња и растенија

Lidl North Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl , а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Поддршка во секојдневните процеси на оперативни набавки и нивно процесирање
  • Креирање и ажурирање на основните податоци за артиклите и добавувачите, ценовниците и договорите
  • Одржување на датотеките за анализа и подготовка на статистика за набавки со цел следење на испораките, цените, промоциите и асортиманот
  • Групирање на податоците за следење на конкуренцијата, осигурување на секојдневните испораки и одржување на квалитетот на производите
  • Управување со системското креирање и координација на нарачки за нови дизајни на пакување
  • Решавање на рекламации, процесирање на вратена стока и дистрибуција на итни известувања
  • Подготовка на податоци и евидентирање на националните и меѓународните стратегии за категориите

Твој профил

  • Универзитетска диплома
  • 1 – 2 години релевантно работно искуство
  • Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
  • Целосно познавање на Microsoft Office и способност за забележување на грешките
  • Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можете да се справите со задачите и рутините во динамична средина
  • Потребно е добро познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност
  • Подготвеност да се живее во странство 6 - 9 месеци поради обука.

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4492931637/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 20/11/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme