Përshkrimi
📢 АТС ГРОУП вработува: Административен асистент на директор
АТС ГРОУП, компанија која работи во областа на заштитна опрема, со седиште во Визбегово, го проширува тимот и бара Административен асистент на директор .
Опис на работно место:
Позицијата вклучува целосна административна поддршка на директорот – организација на состаноци и деловни патувања, водење кореспонденција (на македонски и англиски јазик), изработка на извештаи и презентации, координација со останатите сектори во компанијата, како и подготовка и обработка на документи и податоци.
Потребни квалификации:
- Работно искуство на административна позиција од најмалку 7 години
- Одлично познавање на англиски јазик, говорен и пишан деловен англиски (задолжително)
- Задолжително напредно познавање на работа во Excel
- Организираност, дискреција и способност за работа под притисок
- Одговорност, професионализам и добри комуникациски вештини
Ги нудиме:
- Работа во стабилна и растечка компанија
- Конкурентна плата согласно квалификациите и искуството
📍 Локација: Визбегово
📩 Ги очекуваме вашите биографии на vrabotuvanje@ats.com.mk , најдоцна до 02.10.2026 .
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 23/09/2026 · Skadon 22/11/2026