Posto punë

Ballina / Punët / Советник/чка - Социјален/на работник/чка (локација Струмица)

Советник/чка - Социјален/на работник/чка (локација Струмица)

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.

За реализација на активностите од проектот „Право на семејство II“, го прошируваме тимот и отвораме нова позиција за 1 (едно) работно место:

СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА 📍 Локација : Струмица

📌 Проект: „Право на семејство II“

📅 Рок на аплицирање : 20.09.2026 г.

Доколку сте социјален работник со срце и желба да придонесувате во заедницата, сакате работа која има вистинско значење и во која можете директно да влијаете врз животот на децата и семејствата – ова може да биде вистинската позиција за вас.

Бараме мотивирана и посветена личност која ќе се приклучи на нашиот тим во Струмица и ќе работи директно со семејства во ризик – ќе ги слуша и разбира нивните потреби, ќе им помогне да ги препознаат сопствените ресурси и заедно со нив ќе работи кон подобра и посигурна иднина за нивните деца.

🎯КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Работа со корисници – спроведување интервјуа и проценка на социо-економскиот статус, изработка на социјална анамнеза и еко-мапа за семејствата вклучени во програмата
  • Поддршка на семејствата – помош при остварување права и пристап до услуги за семејства во социјален ризик
  • Советување – спроведување индивидуални и групни советувања за родителски компетенции, позитивно родителство, комуникациски вештини и семејна функционалност
  • Организирани активности – планирање и спроведување заеднички активности за родители и деца
  • Институционална соработка – соработка со Центрите за социјална работа, институции и граѓански организации

🌟ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Образование - Високо образование од областа на социјална работа
  • Регулатива - Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство
  • Искуство - Kреирање и спроведување на обуки
  • Стручност - Напредно познавања за детските права
  • Јазик и компјутери - Познавање на англиски јазик и работа со MS office
  • Мобилност - Возачка дозвола и активно возачко искуство

🧠ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:

  • Тимски дух и желба за соработка
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Проактивен пристап кон работата
  • Емпатија и способност за градење доверба

💼 ШТО НУДИМЕ:

  • Работа во меѓународна хуманитарна организација со јасна мисија и вредности
  • Континуирани обуки и можности за професионален и личен развој
  • Пријатна работна атмосфера и тимбилдинг активности
  • 1 ден во неделата работа од дома
  • Работа со чувство на исполнетост, затоа што секој ден правите разлика во животот на некое дете
  • Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (април 2029 година)

📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ: Испратете ја вашата професионална биографија најдоцна до 20.09.2026 година.

🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!

💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙

⚠️ Напомена : Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4462852443/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 03/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme