Posto punë

Ballina / Punët / Советник за VIP клиенти и аквизиција

Советник за VIP клиенти и аквизиција

INBOKS

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

ИНБОКС Тренинг Центар од 2009 година им помага на компании и професионалци да ги развиваат своите вештини и да ги подобрат деловните резултати преку обуки, консалтинг и HR услуги. Нудиме практични и прилагодени решенија, корпоративни настани, како и поддршка во регрутација, селекција и развој на човечки ресурси. Нашата цел е да создадеме реална вредност за организациите и поединците преку применливо знаење и професионален развој.

За потребите на наш клиент од Банкарскиот сектор во потрага сме по: Советник за VIP клиенти и аквизиција

📍 Локација: Скопје

🕒 Работно време: од 09.00-17.00 часот (флексибилно) од понеделник до петок

💰 Плата: 50.000- 70.000 во зависност од искуството и компетенциите на кандидатот

Клучни одговорности:

  • Управување и развој на портфолио на VIP клиенти
  • Градење и одржување долгорочни односи со постоечки клиенти
  • Активна аквизиција на нови високопрофитабилни клиенти
  • Идентификување на потребите на клиентите и понуда на соодветни банкарски производи и услуги
  • Советување на претставници на јавни институции, успешни професионалци и физички лица со поголеми депозити, кредити или други финансиски потреби
  • Следење на пазарот и препознавање нови деловни можности
  • Водење деловни преговори и подготовка на понуди
  • Остварување на продажни и деловни цели согласно поставените KPI индикатори
  • Координација со останатите организациски единици за обезбедување врвно корисничко искуство

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование
  • Искуство во банкарство, финансиски институции, осигурување или продажба на финансиски производи ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Развиени продажни и преговарачки способности
  • Способност за градење доверба и долгорочни односи со клиенти
  • Ориентираност кон резултати и исполнување на поставени цели
  • Самоиницијативност, професионалност и дискретност
  • Познавање на MS Office пакет

Што нудат нашите партнери?

  • Конкурентна плата согласно искуство и компетенции
  • Атрактивен бонусен систем поврзан со резултати и остварени KPI цели
  • Годишна ревизија на плата и можности за напредување
  • Детален onboarding процес и менторска поддршка
  • Континуирани обуки и професионален развој
  • Работа во динамична и професионална средина
  • Флексибилна организација на работното време согласно деловните потреби и состаноците со клиентите
  • Можност за градење кариера во сегментот на премиум и VIP банкарство

Доколку верувате дека одличните деловни односи се клучот за успешна продажба и долгорочна лојалност на клиентите, аплицирајте и придружете се на тим кој создава врвно банкарско искуство аплицирајте на емаил: inbokstrainingcentre@gmail.com

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4485501674/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 04/11/2026 · Skadon 03/01/2027

Punë të ngjashme