Posto punë

Ballina / Punët / Соработник/чка за Програма за лојалност

Соработник/чка за Програма за лојалност

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.   

Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.   

 

✨ За потр ебите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, а со цел јакнење на каналот на директна комуникација со индивидуалните донатори, бараме одговорна и компетентна личност за работно место:

Соработник/чка за Програма за лојалност

💡  Главни одговорности:

  • Редовно и континуирано ги контактира актуелните донатори со цел нивно информирање по пат на различни комуникациски канали (телефон, емејл, пошта и сл)
  • Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност
  • Одговара и решава можни приговори и предлози на индивидуални донатори
  • Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци
  • Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност
  • Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата
  • Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства од индивидуални донатори
  • Извршува помошни административни задачи

🎯  Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Пожелно е познавање на Sales Force или друга CRM платформа
  • Одлични компјутерски вештини (со фокус на работа во Excel)
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето
  • Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели

🏢  Работни услови:

  • Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување)
  • Флексибилно работно време (40 часа неделно)
  • Работа во организација со силна мисија и вредности
  • Програма за благосостојба на вработени
  • Континуирани можности за личен и професионален раст и развој

📩  Начин на аплицирање:

 

Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 03.04.2026

  

Напомена

: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.  

  • СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BB%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-at-%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-sos-children-s-villages-macedonia-4394812511

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 31/03/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme