Posto punë

Ballina / Punët / Сениор архитект

Сениор архитект

Superblock Studio

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Студиото за архитектура и дизајн Superblock има потреба од проширување на својот тим и објавува оглас за следните работни позиции:

СЕНИОР АРХИТЕКТ

Клучни одговорности:

  • Целосно управување со проектниот процес: од иницијална фаза и концептуално решение до изработка на комплетна техничка документација.
  • Водење и координација на Основни проекти и нивно поднесување во системот на ЗЕЛС (е-урбанизам).
  • Раководење со помали проектни тимови и координација со соработници од сите инженерски фази.
  • Примена на напредни технички решенија со посебен фокус на конструктивните системи и материјалите.

Потребни квалификации:

  • Минимум 5 години работно искуство на слична позиција (водење проекти и тимови). Овој услов е елиминаторен.
  • Напредно познавање на Revit (BIM). Познавањето на софтверот е клучно за работниот процес на студиото.
  • Темелно познавање на законската регулатива, стандардите за проектирање и процедурите во е-урбанизам.
  • Високо ниво на техничка писменост во делот на конструктивни детали и архитектура.
  • Поседување Овластување Б за проектирање (Поседување на Овластување А ќе се смета за предност).

Што нуди Superblock:

  • Работа во професионална и мотивирачка средина фокусирана на квалитетна архитектура.
  • Ангажман на комплексни проекти од висок профил.
  • Конкурентни работни услови соодветни на искуството и одговорноста на позициите.
  • Можност за професионален развој во рамките на етаблирано студио.

Начин на аплицирање:

Вашето CV и портфолио (кое содржи примери од проекти на кои сте имале водечка улога) испратете ги на: hey@superblock.mk

Ве молиме во насловот на пораката да ја наведете позицијата за која аплицирате.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%80-%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%82-at-superblock-studio-4353733012

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 18/01/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme