Posto punë

Ballina / Punët / Правен експерт

Правен експерт

FD Solidus DOO Bitola

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Сакаш да градиш кариера во правната област во динамична финансиска средина? Бараме правник со аналитички пристап и чувство за детали, кој ќе стане дел од нашиот тим во Солидус.

Локација: Битола

Што ќе работиш:

  • Изработка, преглед и правна анализа на договори (кредит, залог, хипотека, деловна соработка и други)
  • Давање правни совети и мислења, и предлози за најоптимални решенија при склучување договори
  • Подготовка на интерни акти, правилници, одлуки и процедури во согласност со законската регулатива
  • Следење и анализа на регулативата од областа на работните односи, облигационите односи, заштитата на лични податоци и безбедноста и здравјето при работа
  • Правна поддршка во постапки за наплата на побарувања и управување со правен ризик
  • Координација и комуникација со нотари, извршители, адвокати и државни институции
  • Подготовка и доставување на потребна документација, и поддршка на останатите сектори во компанијата

Кого бараме:

  • Дипломиран правник со завршено високо образование
  • Одлично познавање на деловното и облигационото право
  • Напредно познавање на MS Office
  • Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
  • Развиени комуникациски, аналитички и преговарачки вештини
  • Висок степен на професионалност, дискреција и одговорност
  • Организираност, умешност во приоретизирање и ориентација кон резултати и квалитет
  • Тимски играч, амбициозен и мотивиран за постојан развој

Што нудиме:

  • Стабилно работно место во динамична финансиска средина
  • Конкурентна плата и редовни примања
  • Можност за стручно усовршување и професионален развој
  • Реална можност за напредување во кариерата
  • Работа со разновидни и предизвикувачки правни случаи
  • Пријатна и професионална работна атмосфера во тим кој те поддржува

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4484665956/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 03/11/2026 · Skadon 02/01/2027

Punë të ngjashme