Posto punë

Ballina / Punët / PART-TIME OFFICE MANAGER

PART-TIME OFFICE MANAGER

ALTERNATIVA Group

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

За компанијата

Групација Алтернатива - Експертски центар за човечки системи, е интегриран екосистем кој ги обединува Институт Алтернатива, Психолошки Центар Алтернатива и НВО Алтернатива.

Работиме во областите на менталното здравје, психотерапијата, професионалната едукација, психосоцијалната поддршка и развојот на човечките системи, преку директна работа со индивидуи и семејства, едукација на професионалци, истражување, проекти и соработка со организации и институции.

Повеќе информации за Групација Алтернатива на www.AlternativaGroup.org

Опис на позицијата

Бараме Part-time Office Manager – организирана, одговорна и проактивна личност која ќе обезбедува административна и оперативна поддршка во секојдневното работење, пред сè на Институт Алтернатива и Психолошки Центар Алтернатива.

Позицијата подразбира физичко присуство во канцелариите на Алтернатива во Скопје и секојдневна комуникација и координација со клиенти, едуканти, соработници и членови на тимот.

Главни одговорности

  • Администрација и документација – водење и организација на документација, евиденции, договори, деловодни книги, архивирање и други административни процеси.
  • Комуникација и координација – комуникација со клиенти, едуканти и соработници преку телефон и е-пошта, координација на термини, распореди и состаноци.
  • Поддршка на едуканти, клиенти и настани – административна и логистичка подготовка и поддршка на едукации, работилници, супервизии, состаноци и други активности.
  • Основна финансиска евиденција – следење и евидентирање на уплати, дневен промет, фактури и побарувања и подготовка на потребната документација во координација со сметководството.
  • Оперативно функционирање на канцеларијата – грижа за тековните канцелариски потреби, набавки, комуникација со надворешни добавувачи и сервиси и поддршка на тимот во секојдневното работење.

Кого бараме?

Идеалниот кандидат/ка има:

  • од 3 до 5 години релевантно работно искуство во office management, администрација, координација или слична позиција;
  • одлични организациски способности и внимание на детали;
  • одговорност, самостојност и проактивност;
  • добри комуникациски и интерперсонални вештини;
  • способност за организирање и следење повеќе задачи и рокови истовремено;
  • добро познавање на македонски и англиски јазик;
  • добро познавање на MS Office, е-пошта, spreadsheets, online calendars и други основни дигитални алатки;
  • доверливост, едичност и професионален однос кон доверливи информации и лични податоци.

Претходно искуство во образовна, психолошка, здравствена или невладина организација ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Услови

  • Ангажман: Part-time, 20 часа неделно во работни часови, со распоред по договор
  • Начин на работа: Физичко присуство во канцелариите на Алтернатива | Локација: Бул. Јане Сандански 65, Скопје
  • Почеток: 1 октомври 2026
  • Плата: По договор
  • Рок за аплицирање: 25 септември 2026

Аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да испратат CV и кратко мотивациско писмо на info@alternativagroup.org, со назнака: „Апликација – Office Manager“

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4467052584/

Kërkesat

Niveli: senior

Publikuar 14/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme