Përshkrimi
Bridge Brand Protection е една од најбрзо растечките стартап компании во областа на интернет заштита на интелектуална сопственост, штитејќи глобални брендови.
Компанијата развива услуги фокусирани на клиентите, користејќи технологија базирана на вештачка интелигенција и индустриска експертиза за да испорача интелигентни и вредносно-ориентирани резултати.
Успехот во голема мера зависи од нашите вработени, кои со своите индивидуални и колективни вредности придонесуваат за целата организација и нашите клиенти.
Придружете се на нашиот тим и растете со нас додека напорно работиме на менување на секторот за заштита на брендови.
Отворен повик за:
📈 ОПЕРАТИВЕН КООРДИНАТОР ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ, СМЕТКОВОДСТВЕНИ И ОПЕРАТИВНИ ПРОЦЕСИ
✅ Главни одговорности:
Административна поддршка
• Подготовка и организација на документи, договори, потврди и друга административна документација.
• Комуникација и координација со надворешен сметководител за релевантни административни и финансиски процеси.
• Одржување уредна и точна административна евиденција.
Финансиска и сметководствена поддршка
• Обработка на фактури и внесување основни податоци.
• Подготовка, следење и организирање финансиска документација за потребите на надворешниот сметководител.
• Поддршка при собирање документи, усогласување податоци и следење на тековни административно-финансиски задачи.
Оперативна поддршка во канцеларија
• Организација на секојдневни канцелариски активности.
• Одржување уредна дигитална и физичка архива.
• Поддршка при секојдневни административни потреби, вклучувајќи поднесоци, архивирање, скенирање, пополнување и доставување документација.
✅ Потребни квалификации:
• Претходно искуство на слична административна, финансиско-административна или оперативна позиција.
• Одлични организациски и комуникациски вештини.
• Внимателност, прецизност и одговорен пристап кон работа со документи.
• Добро познавање на англиски јазик, говорен и пишан.
• Способност за ефикасно следење и извршување повеќе задачи во исто време.
✅ Ќе се смета за предност:
• Искуство во соработка со надворешни сметководители.
• Основно познавање на фактури, финансиска документација и административни процеси.
• Добро познавање на Microsoft Office 365, Outlook и алатки за дигитална организација на документи.
• Проактивност, самостојност и доверливост во работењето.
✅ За оваа позиција Bridge ќе разгледува апликации од кандидати со локација во Скопје.
📩 Заинтересираните кандидати може да испратат CV и кратко мотивациско писмо до Bojan Stefkovski (Head of Operations): bojan.stefkovski@bridgebp.com
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 24/06/2026 · Skadon 19/01/2027