Posto punë

Ballina / Punët / Оглас за вработување: Специјалист/ка за комуникации

Оглас за вработување: Специјалист/ка за комуникации

SmartUp - Social Innovation Lab

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје е невладина организација која работи на адресирање и решавање на општествени предизвици во областите на образование, иновации во јавен сектор и климатски промени. Преку својот иновативен пристап и посветеност, тимот на СмартАП секојдневно работи на креирање поубав, поинаков и подобар свет. Составен од амбициозни и мотивирани соработници, тимот е секогаш отворен за нови сонувачи и професионалци кои сакаат да работат во пријатна и предизвикувачка работна средина и кои целат преку своето работење да креираат позитивна промена за својата околина и општество.

Согласно потребите на организацијата, СмартАП објавува оглас за ангажирање на:

Специјалист/ка за комуникации .

Вашите одговорности ќе вклучуваат:

  • Преглед, анализа и проценка на тековните комуникациски канали на организацијата
  • Подготовка на комуникациска стратегија за организацијата за 2026/27 година, вклучително комуникациски канали, целни групи и метрики за успех
  • Имплементација на стратегијата, управување со комуникациските канали на организацијата и мониторирање на ефективноста на стратегијата
  • Проактивна комуникација на неделно ниво околу напредокот и потребните промени и адаптации на стратегијата
  • Водење на месечни извештаи за објавените активности на социјалните мрежи

Потребни вештини и квалификации:

  • Минимум 5 години искуство во водење на или управување со комуникации на организации
  • Искуство во креирање на комуникациски стратегии и операционализација на истите преку креирање, објавување и управување со содржини на комуникациските канали на организацијата.
  • Способност за поставување и следење на метрики за успех и нивно прилагодување согласно нови сознанија и увиди.
  • Одлични комуникациски вештини и способност за креативно пишување.
  • Познавање и способност за активно користење на англиски јазик во секојдневни комуникации.
  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во поддршка на организации од граѓанскиот сектор или организации со дејност фокусирана социјални иновации и слични области.
  • Завршено високо образование од областа на комуникации или маркетинг или сродни области ќе се смета за предност.

Логистички информации поврзани со работниот ангажман:

  • Лицето се очекува да почне со работа од 1 септември 2026 во период од 6 месеци, со можност за продолжување.
  • Ангажманот се склучува преку Договор за вработување.
  • Почетна плата од 60,000 денари нето сума.
  • Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа, со предвидено дневно водење на записник од завршени задачи.

За да аплицирате на понудената позиција потребно е да испратите:

  • Резиме (CV) на македонски и/или англиски јазик
  • Најмалку три контакти за препорака, од претходни работодоваци, клиенти, надредени, колеги или останати професионални контакти.

на info@innovationlab.mk со наслов “Апликација за специјалист/ка за комуникации”.

Краен рок за доставување на апликациите е 05.08.2026 година.

  • Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју и ќе треба да подготват одговор на кратка, практична задача.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-at-smartup-social-innovation-lab-4440142425

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 20/07/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme