Posto punë

Ballina / Punët / Медицински претставници (5 извршители)

Медицински претставници (5 извршители)

ALKALOID AD Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Работно место: Медицински претставници (5 извршители)

За единица лекари за следниве региони:

  • Велес / Кавадарци / Неготино / Гевгелија
  • Струмица / Радовиш / Валандово
  • Охрид / Струга

За единица аптеки за следниве региони:

  • Штип / Кочани / Свети Николе / Берово / Пехчево
  • Гостивар / Кичево

Оддел: Продажби фармација

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Продажби фармација во модерна фармацевтска компанија која од секој аспект води грижа за своите вработени и доколку ги поседувате потребните квалификации, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Како ќе ве препознаеме?

  • Имате завршено високо образование – фармација, медицина, стоматологија, ПМФ (биологија и хемија).
  • Работно искуство како медицински претставник ќе се смета за предност, но не е задолжително.
  • Поседувате возачка дозвола од Бе-категорија и активно возите.
  • Имате одлично развиени комуникациски и презентациски вештини и способност за тимска работа.
  • Се одликувате со мобилност, студиозност, посветеност, трпеливост, со ориентираност спрема детали, педантност, професионален однос, лојалност и со дискретност.
  • Активно ги користите англискиот јазик и програмите Microsoft Office.

Цели и одговорности на работното место

  • Исполнување на маркетиншките и на продажните планови на одделот преку континуирана комуникација и соработка со фармацевти / матични лекари во соодветниот регион
  • Секојдневна посета и комуникација со партнерите со цел остварување и унапредување на планираните продажби во соодветниот регион
  • Подготовка на предлог-оперативни активности за исполнување на маркетинг-планот за фармацевти и за матични лекари
  • Давање предлози за opinion leader за соодветниот регион
  • Следење и известување за активностите, одржување база на податоци за здравствените професионалци и подготовка на извештаи.
  • Врз основа на месечниот извештај за продажбите, правење анализа за исполнетоста на продажните таргети.
  • Интерна комуникација во компанијата, како и екстерна комуникација со соработниците во соодветниот регион.
  • Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности, со цел зголемување на индивидуалните и на компаниските квалитети и грижа за угледот на компанијата.

Што нудиме?

  • Можности за континуиран професионален и личен раст и развој
  • Компетитивни месечни приходи
  • Дополнителни награди и придобивки во зависност од остварените цели
  • Приватно здравствено осигурување
  • Бенефиции за вработените и за децата на вработените

АПЛИЦИРАЈТЕ на следниов линк: https://career.alkaloid.com.mk/career_opportunities/details/88

„Алкалоид“ АД Скопје застапува политика за недискриминација по ниту една основа и во согласност со своите клучни вредности ја промовирa различноста во процесот на регрутација и на селекција.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-5-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8-at-alkaloid-ad-skopje-4368172535

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/02/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme