Posto punë

Ballina / Punët / Координатор за малопродажба

Координатор за малопродажба

Expanda

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ДИНАМИЧНА И ИНОВАТИВНА РАБОТНА СРЕДИНА

Локација: СКОПЈЕ

Eкспанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер на Philip Morris International од 2014 година. Нашиот успешен тим е составен од професионалци кои со своите стандарди, резултати и посветеност придонесуваат за континуиран развој и напредок на компанијата.

Во моментов бараме организирана, аналитична и проактивна личност која ќе му се приклучи на нашиот тим на позиција:

Координатор за малопродажба .

Позицијата има клучна улога во обезбедување на непречено функционирање на малопродажната мрежа преку координација на оперативните процеси и поддршка на продажниот тим.

Вашите главни одговорности ќе бидат:

Оперативна координација

  • Координација и поддршка на секојдневните деловни процеси во рамките на секторот.
  • Следење на реализацијата на оперативните активности и навремено преземање активности за нивно непречено одвивање.
  • Комуникација и соработка со интерни сектори и надворешни соработници за реализација на деловните активности.
  • Учество во организација и координација на тековни проекти и иницијативи.

Следење и организација на процесите

  • Следење, обработка и ажурирање на податоци во интерните системи.
  • Подготовка на извештаи, анализи и информации за потребите на секторот.
  • Учество во планирање и организација на активности согласно деловните потреби.
  • Следење на усогласеноста со интерните процедури и воспоставените работни процеси.

Поддршка на деловното работење

  • Подготовка и обработка на документација поврзана со редовното работење.
  • Обезбедување навремена размена на информации и координација помеѓу засегнатите страни.
  • Учество во унапредување и оптимизација на работните процеси.
  • Извршување и на други работни задачи согласно потребите на работодавачот.

Доколку сте:

  • Организирана и аналитична личност со способност да управува со повеќе активности истовремено;
  • Одговорни, прецизни и ориентирани кон детали;
  • Проактивни и фокусирани на изнаоѓање практични решенија;
  • Комуникативни и тимски ориентирани;
  • Подготвени за работа во динамична и брзорастечка средина.

И поседувате:

  • Најмалку IV степен стручна подготовка (предност има високо образование);
  • Најмалку 2 години работно искуство на административна, логистичка или координаторска позиција;
  • Напредно познавање на MS Office, особено Excel;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Одлични организациски и аналитички способности;
  • Способност за работа со рокови и приоритети.

Ние ви нудиме:

  • Работа во водечка и стабилна компанија со можности за професионален развој;
  • Конкурентни примања;
  • Поддржувачка и тимски ориентирана работна средина;
  • Континуирани обуки и можности за напредување;
  • Работа со современи системи и процеси;
  • Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Пријавете се со праќање на вашата лична биографија на e-mail: vrabotuvanje@expanda.com.mk. Рок за доставување пријави e до 09.08.2026. година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-at-expanda-4443260266

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 28/07/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme