Posto punë

Ballina / Punët / Координатор на земјоделско производство

Координатор на земјоделско производство

DEKRA Arbeit Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Објавува Позицијата

  • Координатор на земјоделско производство

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс;
  • Изработка на производствени планови и програми за развој;
  • Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
  • Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали);
  • Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите;
  • Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури;
  • Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите;
  • Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака;
  • Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности;
  • Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми;
  • Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси;
  • Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема;
  • Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци;
  • Контрола на здравствената состојба на насадите;
  • Следење на реализацијата на планираните активности;
  • Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни);
  • Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот;
  • Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност;
  • Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за решавање проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот;
  • Познавање на земјоделската пракса и технологија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

  • Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-at-dekra-arbeit-macedonia-4430008568

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 19/06/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme