Posto punë

Ballina / Punët / Архитект

Архитект

Superblock Studio

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Бараме Архитект / Проектант да се приклучи на тимот на Superblock

Superblock е архитектонско студио кое работи на современи и иновативно развиени проекти од различен размер и карактер. Во моментов го прошируваме тимот и бараме архитект / сениор архитект со силен професионален пристап, чувство за дизајн и способност за координација низ сите фази на проектот.

Работна позиција: Архитект

Локација: Скопје

Тип на ангажман: Полно работно време

Што очекуваме:

  • Завршено високо образование – Архитектонски факултет
  • Искуство во изработка и развој на архитектонски проекти
  • Одлично познавање на AutoCAD, SketchUp, Revit како плус и 3D алатки
  • Способност за самостојна работа, но и тимска координација
  • Прецизност, одговорност и професионален однос кон рокови
  • Добро развиено просторно размислување и чувство за детали
  • Познавање на проектна документација, техничка разработка и комуникација со соработници

Твои одговорности:

  • Разработка на идејни, основни и изведбени архитектонски решенија
  • Подготовка на проектна и техничка документација
  • Координација со инженери, соработници и надворешни консултанти
  • Учествување во дизајн-процесот од концепт до реализација
  • Следење на квалитетот и конзистентноста на проектните решенија

Што нудиме:

  • Работа на амбициозни и разновидни проекти во нашето студио на Варшавска 1
  • Динамична и креативна работна средина
  • Можност за професионален развој и напредок
  • Работа во тим што го вреднува дизајнот, систематичноста и одговорноста
  • Вклученост во целосен процес: од идеја до изведба

Доколку се пронаоѓаш во оваа позиција и сакаш да бидеш дел од тим што гради архитектура со јасна визија и висок професионален стандард, испрати ни:

  • CV
  • Портфолио
  • Пропратено со кратко мотивационо писмо

Аплицирај преку LinkedIn или испрати на: hey@superblock.mk

Superblock!

Architecture. Precision. Vision.

#Архитект #Вработување #Архитектура #Skopje #LinkedInJobs #Superblock #Design #BIM #Revit

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%82-at-superblock-studio-4397037909

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/04/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme