Posto punë

Ballina / Punët / Административен асистент на директор

Административен асистент на директор

ATS GROUP

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

📢 АТС ГРОУП вработува: Административен асистент на директор

АТС ГРОУП, компанија која работи во областа на заштитна опрема, со седиште во Визбегово, го проширува тимот и бара Административен асистент на директор .

Опис на работно место:

Позицијата вклучува целосна административна поддршка на директорот – организација на состаноци и деловни патувања, водење кореспонденција (на македонски и англиски јазик), изработка на извештаи и презентации, координација со останатите сектори во компанијата, како и подготовка и обработка на документи и податоци.

Потребни квалификации:

  • Работно искуство на административна позиција од најмалку 7 години
  • Одлично познавање на англиски јазик, говорен и пишан деловен англиски (задолжително)
  • Задолжително напредно познавање на работа во Excel
  • Организираност, дискреција и способност за работа под притисок
  • Одговорност, професионализам и добри комуникациски вештини

Ги нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија
  • Конкурентна плата согласно квалификациите и искуството

📍 Локација: Визбегово

📩 Ги очекуваме вашите биографии на vrabotuvanje@ats.com.mk , најдоцна до 02.10.2026 .

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4469302235/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 23/09/2026 · Skadon 22/11/2026

Punë të ngjashme