B2B Специјалист за дигитално искуство
Makedonski Telekom AD
Во моментов бараме
**B2B Специјалист за дигитално искуство**
кој ќе биде одговорен за дефинирање и унапредување на дигиталните функционалности наменети за деловни корисници. Оваа позиција вклучува подготовка на функционални барања и критериуми за прифаќање, како и тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите засегнати страни. Улогата опфаќа и грижа за континуирано подобрување на корисничките патеки, анализа на перформансите и обезбедување квалитетно и непречено дигитално искуство.
**Работни задачи:**
- Подготовка на дигитални функционални барања за деловни корисници со јасно дефинирани критериуми за прифаќање.
- Тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите тимови со цел целосно разбирање на продуктот пред и за време на имплементацијата.
- Навремено и транспарентно информирање за евентуални отстапувања во развојот (временски или функционални), со проактивни предлози за нивно надминување.
- Тестирање и валидација на нови дигитални решенија пред нивно лансирање, како и анализа и евиденција на забележани грешки.
- Грижа за стабилно и непречено функционирање на постојните дигитални кориснички патеки.
- Спроведување редовни проверки и тестирања со цел обезбедување квалитет и континуирано подобрување.
- Имплементација и ажурирање на содржини во CMS систем.
**Потребни квалификации:**
- Диплома од факултет од областа на електротехника, ФИНКИ, економија или сродни области.
- Длабоко разбирање на потребите и навиките на деловните корисници со цел обезбедување врвно корисничко искуство.
- Предност е релевантно работно искуство во технички и дигитални проекти, како и работа според agile методологија.
- Предност е познавање и искуство во маркетинг, особено во доменот на дигитално корисничко искуство.
- Предност е познавање на CMS системи.
- Добро познавање на Microsoft 365 алатки.
- Напредно познавање на англиски јазик.
**Што очекуваме:**
- Тимски играч
- Амбициозност и желба за постојано учење
- Иновативност и способност за воочување на нови можности
- Подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички вештини
- Вљубеник во технологијата
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
**Што нудиме:**
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
**Работно време:**
Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
**Огласот ќе биде отворен од 02.03.2026 до 08.03.2026.**
**Забелешка:**
*Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.*
*Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.*
*Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.*