Duke ngarkuar...

Техничар (реф. бр. 092026-012)

Mellon Group of Companies

/job-details/9910

Skopje
full_time
Publikuar Sot
**Мелон Солушнс Дооел**, во соработка со **Македонски Телеком**, вработува:

**Техничар** **(реф. бр. 092026-012)**

Мелон Солушнс Дооел го проширува својот тим и бара одговорно, мотивирано и технички ориентирано лице за позицијата Техничар.

Ако сакаш работа во полето на телекомуникациска инфраструктура и ако работата на терен претставува за тебе предизвик - те очекуваме!

**Што ќе работиш?**

- Инсталирање на телекомуникациски услуги преку оптичка инфраструктура на корисничка страна, во сите сегменти (ODC, ODB, splicing на оптички влакна со механички или фузионен splicer, поврзување на оптички влакна во сплитер, изведба на секундарна мрежа, внатрешна инсталација, инсталација на CPE опрема);
- Инсталирање и реконфигурирање на корисничка опрема преку која се обезбедува телекомуникациската услуга;
- Непречено работење на височина до и над 2 метри, проверка на исправноста на мрежен елемент (столб, останати елементи) пред да се пристапи кон изведување на активности на истиот и инсталирање на услуги преку воздушна дистрибутивна оптичка мрежа, почитувајќи ги сите мерки и активности кои произлегуваат од безбедност и здравје и заштита при работа;
- Работа со соодветни софтверски алатки за оперативно работење на терен, грижа и одговорност за точноста на внесените податоци во налозите во апликацијата за оперативно работење;
- Почитување на упатството за работа за комуникација при посета кај корисник, обезбедување највисок квалитет на услуга при секој контакт со корисникот, постапување по поплаки од корисници, идентификување на проблеми и изнаоѓање на решенија;
- Правилно употребување на основните средства, ресурсите, инструментите и алатите за работа, преку примена на упатствата за ракување и одговорност за организирање на магацинот со кој е задолжен техничарот.

**Кого бараме?**

Бараме лице кое:

- Има минимум средно образование или диплома за занимање квалификација IV/III степен;
- Има работно искуство и практично знаење со оптички мрежи и оптичка инфраструктура;
- Е организирано, одговорно и самостојно во извршувањето на работните задачи;
- Лесно се приспособува на динамични услови за работа;
- Е комуникативно и амбициозно со желба за усовршување;
- Има способност за справување со конфликтни ситуации;
- Има тимски дух;
- Поседува возачка дозвола-Б категорија.

**Што добиваш?**

- Работа во стабилна и динамична средина;
- Работа со современа телекомуникациска инфрастуктура;
- Тимска средина која ги вреднува иницијативата и резултатите.

**Предвидена обука:**

Избраниот кандидат задолжително ќе помине платена обука во времетраење од најмногу 3 (три) месеци.

**Пријави се и придружи се на тимот на Мелон Солушнс Дооел.**

***Мелон Солушнс Дооел*** *е дел од* ***Mellon Group****, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.*