Duke ngarkuar...

Тим лидер на контакт центар

ODM Collections

/job-details/8026

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 47 dite me pare
Kjo shpallje nuk pranon më aplikime. Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL. Shiko punët aktive.
**ODM Collections дооел Скопје**
е компанија специјализирана за управување со побарувања. Континуирано ги унапредуваме процесите и инвестираме во најдобрите луѓе и технологии со цел да обезбедиме услуги со највисок квалитет на пазарот.

**Опис на работни задачи:**

• Координација на работните активности и стратегиите во рамки на контакт центарот за наплата на побарувања

• Управување, анализа и следење на доделените портфолија

• Подготовка и доставување извештаи на дневно и периодично ниво

• Следење на работата на операторите

• Идентификување на потребите, мотивирање на вработените, планирање и спроведување на редовни обуки

• Комуникација и соработка со другите сектори во рамки на компанијата

**Потребни стручни квалификации:**

• Стручна подготовка: ВСС; VII/1 степен

• Образовен профил: Дипломиран економист, дипломиран правник, дипломиран инженер по организациски науки

• Работно искуство: минимум една година на наведената работна позиција; предност ќе имаат кандидатите со подолго работно искуство, особено во областа на финансии и банкарство

• Развиени менаџерски способности

• Активно познавање на англиски јазик

• Познавање на современи програмски алатки и апликации

**Од кандидатите очекуваме:**

• Доверливост и одговорност

• Ориентираност кон постигнување на цели

• Способност за решавање проблеми

• Добри организациски способности

• Флексибилност и доследност во работата

• Способност за делегирање на задачи во рамки на тимот

• Самоиницијативност

• Самостојност во работата и донесувањето одлуки

• Фокусираност кон клиентите на компанијата

• Познавање на деловен бонтон и професионална етика

• Аналитичност

• Тимска работа

• Мотивираност

• Комуникативност

• Креативност

**Нудиме:**

• Можност за градење кариера во високо професионално, стабилно и поттикнувачко работно опкружување

• Работа на предизвикувачки проекти

• Можност за стручно усовршување и професионален развој

• Стимулативни услови за работа

Доколку сте заинтересирани и сметате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, Ве молиме да ја испратите Вашата биографија по електронска пошта.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

Nuk ka shpallje që përputhen saktësisht me këtë URL.

Shpallje të tjera aktive