Соработник/чка за Програма за лојалност
СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia
Соработник/чка за Програма за лојалност
Придружи се на тим кој прави разлика — за децата, за семејствата, за заедницата.
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал — водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.
За потребите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, бараме одговорна и мотивирана личност која ќе биде клучна алка во директната комуникација со нашите донатори.
🎯 Главни одговорности
Редовно ги контактира актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)
Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност
Одговара и решава приговори и предлози на индивидуалните донатори
Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци (CRM)
Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност
Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата
Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства
Извршува помошни административни задачи
✨ Потребни квалификации
Завршено најмалку средно образование
Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
Одлични комуникациски и продажни вештини
Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето
Оптимизам, упорност и искрена желба да придонесе за хуманитарна цел
Добро познавање на англиски јазик
⚠️ Задолжителни технички вештини — ќе биде спроведено тестирање
• Напреден Excel — pivot табели, сложени формули, анализа на податоци
• CRM платформи — Salesforce или еквивалентна (работно искуство, не само познавање)
🏢 Работни услови
Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување)
🕒 Работно време — хибриден модел
• Понеделник – петок, во две смени по договор:
→ Утринска смена: 08:00 – 16:00
→ Попладневна смена: 11:30 – 19:30
• Секоја втора сабота: 10:00 – 14:00
Работа во организација со силна мисија и вредности
Програма за благосостојба на вработени
Континуирани можности за личен и професионален раст и развој
📩 Начин на аплицирање
Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.06.2026.
Само кандидати кои ги исполнуваат задолжителните технички услови ќе бидат поканети на тестирање и интервју.
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на регрутирањето. СОС Детско село практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади. Организацијата активно се залага за родова еднаквост.