Enterprise Resources Planning Specialist
Sigma-SB
/job-details/7759
Имплементатор на ЕРП софтвер
Во Сигма-СБ, веруваме и практично покажуваме како технологијата има моќ да го трансформира секој бизнис – и тоа го правиме од 1995 година наваму! Ние сме македонска ИТ компанија која не само што испорачува софтвер, туку и гради долгорочни партнерства со клиентите – како нивен стратешки партнер во растот и успехот, веќе 30 години. Нашата компанија е составена од тим на вешти и лојални луѓе, каде некои својата кариера ја започнале во компанијата и сеуште се дел и причината за нејзината успешна приказна. Сега компанијата се наоѓа пред следната етапа на својот еволутивен развој и раст и сме во потрага на следниот колега или колешка кои својата кариера ќе ја започнат и/или развиваат заедно со нас и во наредните 30 години.
Експанзијата на нашиот тим доаѓа како резултат од препознавањето на квалитетот на нашата работа од нашите постоечки и нови клиенти, преку продлабочување на соработката во нови проекти. Затоа бараме кандидатка/кандидат која/кој има искуство во имплементација на ЕРП решенија. Која/Кој е позитивна и ведра личност и сака да комуницира со клиенти на начин кој ќе им покаже вистинска грижа и разбирање за нив и нивните потреби.
Идеално би било да најдеме човек кој идентификува потенцијални точки за подобрување, кој размислува критично и практично дава предлози за решенија кога ќе се појават проблеми, кој може да се фокусира на најважната активност кога има многу работа едновремено, кој сака да учи кога не знае и кој мотивира кога останатите се обесхрабрени.
Доколку и ти гледаш предизвик во ИТ индустријата и имаш око за вистински вредности, ова е местото каде твојот следен чекор може да стане кариера со вистинско влијание. Ќе работиш директно со нашите клиенти, а истовремено ќе добиваш безрезервна поддршка од колешки и колеги кои имаат остри умови, брзо учат и прифаќаат нови идеи и искрено се грижат за доброто на сите вработени и клиенти во заедничката приказна, наречена Сигма-СБ!
**Главните обврски и активности кои се очекуваат успешно да се исполнуваат од потенцијалните кандидати се:**
· Анализа и документирање на потребите на корисниците
· Прибирање и документирање на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтвер
· Управување со промени на договорените барањата во однос на рок и содржина, за да се обезбеди договорените рокови да бидат навремено исполнети
· Tесна соработка со проект менаџери и програмери за да се обезбедат најдобри резултати.
· Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
· Дефинирање на задачи за останати членови на тимот
· Контрола (тестирање) на резултатот на доделените задачи
· Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
· Подготовка на извештаи за статус на проект
**Од потенцијалните кандидати очекуваме да поседуваат некои од следниве вештини:**
- Напредно познавање на деловни процеси во компании
- Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
- Одлични аналитички вештини
- Комуникациски вештини
- Вештини за пишување
- Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
- Основно ниво на информатичко знаење
**Дополнително, од потенцијалните кандидати очекуваме да имаат општо познавање од следниве области:**
- Општ бизнис менаџмент
- Финанскиски менаџмент
- Управување со производство, трговија и залихи (магацини)
- Управување со дистрибуција и големопродажба
- Малопродажба
- Човечки ресурси
**Потенцијалните кандидати посакувано е да поседуваат некое од следново образование:**
- Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или
- Економија – сметководство, е-бизнис, финасии или
- Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер
**Како предност ќе се смета доколку потенцијалните кадидати имаат:**
- Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)
- Искуство во имплеметација на ЕРП и WMS системи
- Искуство со програмирање
**Што може да очекувате од нас:**
- Соодветен и конкурентен компензациски пакет врз основа на искуството и потенцијалот на кандидатот и исполнување на плановите
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
- Работа со најнови технологии во индустријата
- Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
- Пријатна работна атмосфера
- Работното место е од дома, со флексибилно работно време, односно хибриден модел на работење од канцеларија и од дома и во зависност и потреба од проектот, работа на терен (кај клиент).