Duke ngarkuar...

Електроинсталатер / електричар / електромонтер

Energy Intelligence

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Опис на позицијата**

Електроинсталатерот ќе биде одговорен за монтажа и изведба на електроинсталации и смарт системи во станбени и деловни објекти. Работата опфаќа инсталација на јакострујни и слабострујни системи, монтажа и поврзување на алармни системи, видео надзор и видео домофонија, како и поставување и конфигурирање на електроинсталациска опрема за паметни домови и објекти.

**Клучни одговорности**

- Монтажа на електроинсталациска опрема за смарт системи
- Изведба на јакострујна и слабострујна електрична инсталација за станбени и деловни простории
- Монтажа на алармен систем
- Монтажа на видео надзор
- Монтажа на видео домофонија
- Одговорност, прецизност и тимска работа

**Квалификации и вештини**

- Работно искуство од 5 (пет) години ќе се смета за предност
- Работно искуство со електрична инсталација, автоматизација или паметен дом технологии (ќе се смета за предност)
- Возачка дозвола Б категорија
- Комуникациски вештини, тимска работа и способност за самостојност

**Energy Intelligence**
е компанија која работи во областа на современи енергетски решенија и автоматизација на паметни станбени, деловни објекти и хотели, како и проектирање и изведба на електрична инсталација. Со професионален и посветен тим, успешно реализираме проекти кои комбинираат иновација, квалитет и сигурност. Веруваме дека успехот се гради со силен тим, затоа вложуваме во професионален развој, современи технологии и квалитетна работна средина. Доколку сакате стабилна кариера и работа на современи и динамични проекти - станете дел од нашиот тим!