Duke ngarkuar...

Постар ревизор / Ревизор во Дирекција за внатрешна ревизија

HALKBANK AD Skopje

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Главни работни задачи за работно место Постар Ревизор /Ревизор:**

- Учествува во спроведување на активностите на Дирекцијата за внатрешна ревизија применувајќи ги интерната и законската регулатива како и меѓународните стандарди за внатрешна ревизија (IIA Global).

- спроведување на ревизорските ангажмани/ проверка, врз основа на определени ревизорски програми
- изработка на детални работни документи за поддршка на ревизорските активности и извештаи за спроведените ревизорски активности;
- изработка и комплетирање на ревизорски тестови со делумен надзор;
- учествува во следење на препораките за идентификуваните слабости и неусогласености од спроведените ревизии и ги информира надредените ревизори/ Директорот на ДВР;
- суштинска проверка на документација, изработка на описи и тестови на контроли со цел финансиските извештаи да обезбедат усогласеност со регулативата, како и за откривање на потенцијални проблеми и квалификување на наодите
- организирање и активно учествување во ревизорскиот тим за поединечен ангажман
- проверка на спроведените ревизорски процедури на помалку искусни членови на тимот
- учествува во ревидирање на интерната регулатива на Дирекцијата под надзор на Директорот на ДВР;
- учествува во процесот на самопроцена на активноста на ДВР која е резултат на Програмата за проценување и подобрување на квалитетот на внатрешна ревизија под надзор на Директорот на ДВР;
- асистирање на Директорот на ДВР во процесот на подготовка на потребните материјали за изработка на стратегискиот и годишниот план на ДВР, акко и периодичните извештаи за активностите на ДВР.
- презентирање на наодите и препораките на засегнатите ревидирани страни и постојана комуникација со цел обезбедување н апотребни информации и документи за спроведување на ревизијата

**Потребни квалификации и најзначајни карактеристики за работното место  Постар ревизор/Ревизор**
:

- Универзитетска диплома од Економски факултет или други релевантни факултети (на пр. Правен и сл), Специјалност: Сметководство/ Ревизија / Финансии / Усогласеност со прописи
- напредно користење на MS-Office (Word, Excel и Microsoft Outlook); познавање од областа на Информатичките технологии и информациска сигурност ќе се смета за предност (на пр. SQL вештини, data analytic и сл.)
- познавање на: Деловните банкарски технологии и процеси, закони и прописи во врска со сметководство / финансии / банкарството, операции, усогласеност со прописи и други релевантни ризици во банкарското работење.
- течно зборување на македонски и англиски јазик; познавање на други јазици ќе се смета за предност.
- минимум тригодишно работно искуство во банкарскиот сектор или како внатрешен/надворешен ревизор или слично работно место со работно искуство стекнато во сметководствени / финансиски / друштва за ревизија или други релевантни институции.
- да работи со самостојно или со делумен надзор
- да поседува љубопитност, само-мотивираност и да има желба да развие способност да ги идентификува проблемите и убедливо да ги прикажува наодите и препораките, преку писмени извештаи, усни презентации и лични дискусии;
- одлични комуникациски способности во усна и писмена форма со останатите ревизори и ревидираните страни
- упорност, храброст и трпение во спроведувањето на ревизорските процедури и презентирање на идентификуваните слабости

**Бенефити**
**:**

**-      Приватно здравствено осигурување;**

**-      Политика за наградување преку системот на бонуси;**

**-      Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;**

**-      Динамична работна средина;**

**-      Продуктивно работно опкружување;**

**-      Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;**

Внатрешните ревизори во нашата Банка имаат можност за напредување на повисоки и раководни позиции по стекнување со одредено ниво на искуство и зголемени знаења.

**Halk Bank AD - Skopje**
нуди атрактивни компензациски пакети и можности за континуиран професионален развој кој ја рефлектира нејзината улога како водечка финансиска институција.

Предност ќе имаат кандидати кои поседуваат, се во процес на обезбедување или пак се способни во иднина да обезбедат меѓународен сертификат за внатрешен ревизор (CIA), лиценца за овластен ревизор, меѓународен сертификат за сметководство (ACCA) и сл.